Г8 Клима – Бан Ки Мун
31 мај 2007Реклама
Генералниот секретар на ОН Бан Кин Мун и‘ даде поддршка на германската канцеларка Ангела Меркел во напорите за изнаоѓање компромис околу заштитата на климата. На средбата во Берлин Бан Кин Мун порача дека средбата на Групата Г8 под германско претседателство ќе донесе голем успех. САД меѓутоа и понатаму одбиваат да преговараат на самитот наредната недела во Хајлигендам околу конкретни и обврзувачки цели на овој план. Тоа вчера јасно го стави на знаење и шефицата на американската дипломатија Кондолиза Рајс на вчерашната министерска средба во Потсдам.