1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Давос нема решение за светската нееднаквост

М. Вецел/бг22 јануари 2015

Нееднаквоста во светот расте. Во 2016. година, еден процент од најбогатите ќе поседуваат колку и останатите 99 проценти од светското население. Учесниците на Форумот во Давос се согласуваат дека ова е голем проблем

Фотографија: WEF

Оваа гумена алка треба да му помогне на светот. Таа во себе има бројач на чекори и им се дава на учесниците на Светскиот економски форум. Кога со неа ќе претрчаат 6 километри, една голема швајцарска банка купува по еден велосипед за дете во Африка. Тоа може да им го олесни одењето во училиште.

Несомнено добра иницијатива. Но со тоа нема да се намали нееднавоста меѓу сиромашните и богатите. Нееднаквоста е опасна и за владите и за бизнисот, и тоа го знаат сите овде во Давос. Треба да се дејствува веднаш, предупредуваат економистите и тоа не за првпат.

„Време е да се затворат даночните оази. Ослободете се од двојните ирски или луксембуршки договори и од сите други. Од друга страна мораме да го подигнеме дното. Мораме да ги зголемите мининалните плати до ниво на плати за живеење“, вели Јирки Раина од Индустриал Глобал Јунион, меѓународен синдикат кој ги застапува работниците од рударскиот, енергетскиот и мануфактурниот сектор.

Светскиот економски форум е вистинската платформа од која треба да се адресира нееднаквоста, велат организаторите. Тука се присутни сите: синдикати, политичари, врвни менаџери. И некои од супер-богатите се тука. Но проблемот има повеќе лица, а борбата против нееднаквоста е долгорочна задача.

„Не можете да ја намалите неднаквоста само преку оданочување. Нееднаквоста се намалува со вистински проект за земјата. Со каква индустрија, со каква технологија, со подобрување на образовниот систем. Треба да создадеме економија во која треба да знаеме каква работа можат да вршат луѓето, да го дистрибуираме богатството а во истовреме да оставиме простор и за претприемачите“, вели Шарл-Едуард Буе, директор на консултантската куќа „Роланд Бергер“.

На крајот уште еднаш преовлада немоќта. И сознанието дека нееднаквоста ќе биде на агендата и следната година. И малата утеха дека некои деца во Африка наскоро ќе добијат велосипед. До крајот на Светскиот економски форум бројката ќе достигне околу 2.500.

Ни Давос нема решение за светската нееднаквост

02:03

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми