1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Давос низ бројки

Бетина Тома-Шаде/бг20 јануари 2016

Давос е превртен на глава кога големците од светот на економијата и политиката се среќаваат на Самитот. Неколку бројки и факти кои го опишуваат светскиот самит од малку поинаков агол

Фотографија: Reuters/R. Sprich

Давос- тоа значи и забава. Тука никој не размислува за трошоците. Околу 8 илјади евра на час чини една опуштена забава со 60-ина гости.

Целото видео погледнете го тука:

Давос низ бројки

01:17

This browser does not support the video element.

Дополнително чини обезбедувањето. Стотици полицајци и илјадници војници се на должност. Нивниот ангажман чини 8 милиони евра.

Околу 3 илјади шефови на држави и врвни менаџери се пријавија годинава- 500 повеќе од 2015- и покрај рекордните цени.

Околу 70 илјади евра чини влезна карта за надворешни гости. Сакате ВИП третман, ќе платите двојно! За шеф на голема фирма со целата делегација, влез- половина милион евра.

И за собите во Давос треба да се брцне длабоко во паричникот. Креветите во хотелите и станови се изнајмуваат за највисоки цени. 900 евра чини преноќување во обична мала соба, за престој од пет дена тоа се веќе солидни- 4.500 евра.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми