1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Давутоглу ќе го наследи Ердоган во партијата и Владата

БГ/дпа27 август 2014

Ахмет Давутоглу ќе биде нов претседател на турската владејачка Партија на правдата и развојот, а со тоа и нов премиер.

Фотографија: Reuters

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу денеска треба да биде избран за претседател на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП). Околу 30.000 членови на партијата се очекува да присуствуваат на конгресот. Изборот на Давутоглу за претседател на АКП е природниот чекор кон премиерската функција, која исто така му е предложена на досегашниот прв дипломат на Турција. Реџеп Таип Ердоган, кој со 52 отсто од гласовите на избирачите победи на претседателските избори, што се одржаа на 10 август, го предложи Давутоглу за свој наследник на премиерската функција. Ердоган отстапува по 11 години минати на премиерската функција.

Давутоглу важеше за архитект на новата амбициозна турска надворешна политика, која донесе контроверзни резултати и му остави тешко наследство на следниот министер за надворешни работи. Експанзивната надворешна политика на Давутоглу која се движеше во границите на поранешната Османлиска империја, доведе до катастрофални последици, пред сѐ во однос на соседна Сирија, каде Турција ги поддржуваше исламските бунтовници од кои подоцна се роди радикалната Исламска држава.

Надворешно-политичката стратегија на Давутоглу, сепак, наидува на голема поддршка во Турција, пред се кај членовите и симпатизерите на неговата АКП, кои сметаат дека тој е заслужен за подигнувањето на меѓународниот профил на земјата. Како негов наследник во турското МНР се споменува името на досегашниот шеф на турската тајна служба, Хакан Фидан.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми