1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Далеку сме од вистината за смртта на Борис Трајковски“

Тони Гламчевски2 мај 2013

Расправата за функционирањето на демократијата во Македонија ќе се најде на девниот ред на ПССЕ. Бирото на ПССЕ одлучи во дебата покрај извештајот за пост-мониторингот да се вклучи и расправа за демократијата во земјата.

Фотографија: Reuters

Дваесет и еден парламентарец, предводени од швајцарецот Андреас Грос, изразија загриженост за функционирањето на демократските институции во Репулика Македонија, по инцидентот што се случи во Скопје на 24 декември 2012 година. Во образложението што беше доставено со нивното барање, стои дека овoј инцидент „открива сериозни проблеми со демократијата воопшто и парламентарната демократија посебно“ во Македонија.

„Нашата инцијатива е интегрирана во пост-мониторинг дијалогот за Македонија, тоа е доволно. Тоа е доволно барем во сегашнава етапа“, изјави за Дојче веле швајцарскиот парламентарец Андреас Грос поднесувач на иницијативата за расправа.

Тој одби да дава коментари за сегашнава полититичка ситуација во Македонија, веднаш по завршувањето на локалните избори. „Не сум во можност да направам проценка. Но, ако некој сака да ја посетам земјата и некој ме покани да го направам тоа, тогаш сум подготвен да ја посетам и потоа да направам анализа во јули. Но потребно е да добијам покана“, вели Грос.

Во неговата инцијатива, се бараше од Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) да ги проучи одблиску причините за инцидентот од 24 декември, проблемите кои произлегоа од него во областа на демократијата и причините поради кои тензиите и конфликтите не беа решени на демократски начин. Како и тоа што може да биде направено за да се надминат овие проблеми, со цел да се рехабилитира и зацврсти демократијата во Република Македонија.

Македонскиот парламент на 24.12.12 (архива)Фотографија: MAKFAX

Оценките на ПССЕ служат како основа за тие на ЕУ

Ова нивно барање по одлука на бирото на ПССЕ ќе биде дел од извештајот за пост-мониторингот на Македонија на Комисијата за следење на обврските на земјите членки на Советот на Европа. Извештајот е изработен од британскиот парламентарец Роберт Валтер, ќе се расправа во јуни. Од тоа што успеавме да го дознаеме за содржината на овај доверлив извештај, тој има претрпено големи измени. Во него се анализирани со случувањата по 24 декември, кои според нашиот извор од Стразбур фрлаат нов „загрижувачки“ поглед за демократијата и функционирањето на демократските институции во Македонија и оди во контекст на барањето на потписниците на иницијативата.

Значењето на заклучоците на овој извештај се дотолку поголеми, бидејќи тој во добар дел ја инспирира Европската унија при анализата на напредокот на земјата, посебно во делот на почитувањето на критериумите од Копенхаген.

На малите земји не им се посветува доволно внимание во ПССЕ

На прашањето што му го поставивме на швајцарскиот пратеник Андреас Грос, зошто ПССЕ остана без реакција на случувањата во Македонија, тој за ДВ го даде следниов одговор:

Андреас ГросФотографија: DW

„ПССЕ има една голема слабост. Најпрво, малите нации не го имаат вниманието кое го заслужуваат во нашата асамблеја. А потоа, има многу парламентарци кои се информираат недоволно и кои си дозволуваат лесно да бидат под влијание на дипломатите, кои не се водени од интересот за вистината, туку се водени од интересот на властите кои ги претставуваат. Претседателот на ПССЕ има други приоритети, и службата за печат на ПССЕ не е автономна инстаца на европските интелектуалци.“

Повторно отворање на истрагата за смртта на Борис Трајковски

Андреас Грос беше и иницијаторот на барањето за повторно отворање на истрагата за трагичната авионска несреќа која го одзеде животот на претседателот Борис Трајковски, членовите на неговиот кабинет и екипажот на авионот. Грос на пленарна сесија на ПССЕ изрази сомневања дека несреќата е можеби атентат. Околу повторното отворање на истрагата тој за Дојче веле коментираше.

„Јас сум среќен поради напорите кои се прават и сигурен сум дека се уште не е направен финалниот напор. Потребни се уште напори за да се расветли случајот, бидејќи се’ уште не сме блиску до вистината“.

На прашањето дали босанските власти кои во моментов работат на истрагата имаат доволно моќ за да отидат до крај со истрагата, Грос оценува: „Мислам дека босанските власти ќе направат се’ што можат, а потоа ќе видиме дали тоа е доволно или не. Јас има голема доверба во босанските власти.“

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми