1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Далечен е патот до буџет на еврозоната

Бернд Ригерт
20 ноември 2018

Франција и Германија им предлагаат на Европејците посебен буџет за еврозоната. Колкав би бил тој и зошто е воопшто потребен? Критичарите велат дека остануваат премногу нејаснотии.

Deutschland Frankreich - Le Maire und Scholz auf Meseberg
Фотографија: Getty Images/AFP/J. MacDougall

„Пред една година не смееше ни да се помене зборот 'буџет за еврозоната', а сега веќе имаме заеднички предлог“, се пошегува францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер во Брисел, откако со својот германски колега Олаф Шолц на останатите 17 членки на еврозоната им го претстави новиот концепт за сопствен буџет на  монетарната унија.  Франција одамна инсистира на него, францускиот претседател во него гледа еден вид јадро на сите европски реформи кои ги предлага од стапувањето на функција. 

Германците долго време се колебаа, но сега конечно стигна и согласноста од канцеларката за евро-буџет. „Евро-буџетот ќе го поттикне сраснувањето на евро-државите, кои многу се разликуваат според својот економски учинок. Станува збор за конвергенција, без која е неможно егзистирање на монетарна унија на подолг рок“, истакна францускиот министер за финансии, според кого, целта е јакнење на Европа во светот кој се наоѓа во фаза на промени.

Која е целта на евро-буџетот?

Посебниот буџет на еврозоната треба да има и стабилизирачка компонента. Во случај на недоволен реформски напредок или финансиска криза, францускиот министер планира да им се пружи финансиска помош на земјите како Грција, Португалија или можеби и Италија. Оваа „стабилизирачка функција“ не наидува на големо одушевување кај германскиот министер за финансии. Германците укажуваат дека за таа цел би постоел ЕСМ, Европскиот спасувачки чадор. Германската канцеларка Ангела Меркел уште пред состанокот на министрите за финансии во Брисел истакна дека првенствена функција на евро-буџетот би требало да биде заедничко инвестирање во истражувања, иновации и поддршка на приватни инвестиции. 

Начелна согласност, но и бројни разлики околу буџет на еврозоната: Емануел Макрон и Ангела МеркелФотографија: Reuters/H. Hanschke

Неизвесна висината на буџетот 

Клучното прашање, колкав би требало да биде евро-буџетот, уште не е одговорено. За да има стабилизирачка функција, тој би требало да изнесува неколку проценти од бруто внатрешниот производ на евро-државите, предложи францускиот претседател Емануел Макрон. Претпазливите Германци поради би се одлучулиле за неколку промили. Нејасно е и од каде би доаѓале парите. Германско-францускиот предлог предвидува финансирањето на буџетот на еврозоната да биде усвоен заедно со долгорчниот буџет на ЕУ за периодот 2021 до 2027 година. Од тоа произлегува дека новата каса на располагање би била дури од 2021. година. Во Брисел сега не стана збор за заеднички министер за финансии на еврозоната, кој би управувал со буџетот.

Деталите уште не се утврдени, призна францускиот министер за финансии, но тоа е разбирливо во оваа фаза, кога целта е да се создадат рамки и политичка волја. Со тоа се согласува и германскиот министер за финансии, за кого е важна политичката порака, посебно во актуелното време на Брегзит.  „Еврозоната  ќе стане поважна по Брегзит. По заминувањето на Велика Британија од ЕУ, 75 проценти од економскиот учинок во ЕУ ќе отпаѓа на државите од еврозоната“, изјави Шолц во Брисел. На средината на декември би требало да се одржи самит на шефовите на држави или влади околу напредоците направени во банкарската унија, јакнењето на еврозоната и одбранбени механизми против нови финансиски кризи. 

Холанѓаните не се убедени

Германско-францускиот предлог во еврозоната има и противници. Т.н. „Ханза“ коалиција од северните, балтичките евро-држави и Холандија имаат задршки за идејата. „Суштинско прашање за мене е што тоа би им донесло на Холанѓаните и плаќачите на данок во мојата земја“, изјави холандскиот министер за финансии Вопке Хоекстра. „Постојат уште низа отворени прашања, јас не сум баш убеден“, истакна тој. „Ханза“-државите сакаат пред сѐ да избегнат нови оптоварувања за сопствените буџети и трансфер на средства кон Јужна Европа.

Францускиот министер за финансии Бруно ле Мер признава дека не се сите држави од еврозоната одушевени од предлогот, но: „Никој не беше тотално против. Се водеше продуктивна дебата.“

Притисокот за постигнување единство може да расте. Францускиот претседател во изборната кампања за изборите за Европскиот парламент во мај по секоја цена сака да влезе со позитивни резултати. Во планот на Макрон спаѓа и јакнење и продлабочување на еврозоната, иако и во неговата земја има жесток отпор во форма на протести против неговата еколошка и даночна политика.

 

Бернд Ригерт Дописник од Брисел со фокус на луѓето, приказните и политиката на Европската Унија
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми