1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Култура

Венеција ќе загуби статус на светско културно наследство?

Штефан Деге
18 ноември 2019

Статусот на светско културно наследство на Венеција е загрозен повеќе од било кога. Вината не лежи само во екстремната поплава. Директорката на центарот на УНЕСКО, Мехтхилд Реслер, нуди итна помош на градот на каналите.

Italien Unwetter l Hochwasser in Venedig - Markusdom
Фотографија: picture alliance/dpa/Sputnik/A. Rota

Веќе 32 години градот на каналите ја ужива посебната заштита на Светската културна организација. Тоа наскоро би можело да се промени. „Венеција е под ризик да го изгуби својот статус", предупредува Реслер, „Венеција мора да внимава!" Центарот за културно наследство кој германската научничка го води уште од 2015 година не одлучува за одземањето на статусот, туку Комитетот за светско културно наследство на УНЕСКО. Но, сепак центарот веќе подолго време мошне внимателно ја набљудува ситуацијата во северноиталијанското пристанишно гратче. „Сега чекаме на извештајот од Италија", вели Реслер, „потоа на Комитетот ќе му ја поднесеме нашата анализа."

Градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњари страхуваше дека извештајот би можел да биде негативен уште пред да се случи последната катастрофа со поплавата. Реслер вели: „Ние на Комитетот уште во 2015 му предложивме Венеција да ја стави на ’црвената листа’. Рековме дека ако одредени работи не бидат исполнето, голема е веројатноста градот да се најде на листата на загрозените." Уште во септември годинава Бруњаро отпатува во Париз во придружба на голема делегација. „Нашата порака е примена во Венеција", смета Реслер, „инаку не би се појавиле во УНЕСКО, тоа е апсолутно јасно."

Фотографија: picture alliance/dpa/P. Teyssot

Венеција тоне во наплив на туристи

Јасна е и критиката која т.н. „Мониторинг мисија" на УНЕСКО ја извади на виделина уште во 2015 година. Забелешките пред сè се на начинот на менаџирање на туризмот. Севкупно во Венеција на годишно ниво доаѓаат повеќе од 22 милиони туристи. Тоа е процес со последици. Во внатрешното јадро на градот живеат само уште 55 илјади жители, а во 1951 година бројот уште изнесувал 175 илјади. „Не сакаме град музеј", вели Реслер, „туку живописен град во кој луѓето и навистина имаат услови да живеат." Венеција истовремено живее од приходите од меѓународните туристи. Конфликт кој тешко може да се реши, како што увидува и експертката на УНЕСКО.

Со гондола низ Венеција

02:46

This browser does not support the video element.

Покрај т.н. прекумерен туризам, на УНЕСКО му пречат и огромните бродови за крстарења со по 6 илјади туристи кои редовно минуваат низ каналот Гранде. „Бродовите предизвикуваат ерозија. Брановите предизвикани од нив ја оштетуваат градежната структура." Со години во изградба е систем за заштита од поплави со помош на подвижни бариери. Но, проектот МОЗЕ кој тежи милијарди, поради скандал со корупција никако да се приврши. МОЗЕ треба во случаи на поплави да ги скроти брановите од Средоземно Море. Климатските промени пак ниту напредната техника не може да ги спречи.

Фотографија: picture-alliance/ZUMAPRESS/C. Furlan

Климатските промени го загрозуваат градот

Последиците од него за градовите-културно наследство од Медитеранот се наведени во нова студија на УНЕСКО. Силните дождови и растечкото ниво на морињата се само непосредно видливи ефекти. Но, двете појави во комбинација со силни ветришта кои постојано носат вода во лагуната, може да влијаеле на екстремното ниво на водата во последната поплава. Имено, во ноќта кон средата (13.11.) тоа изнесуваше загрижувачки 1,87 метри над нормалното морско ниво и е највисоко во последните 53 години, а второ највисоко за еден век. Катедралата на Свети Марко беше поплавена, дел од базиликата од 9-тиот век беше поплавена. Се очекува дека градежниот материјал на многу историски објекти претрпел големи штети.

Повеќе: 

Венеција: Лутина поради недоволната заштита од поплави

Фотографија на денот: Големи поплави во Венеција

Тоа ни одблизу не е крајот на проблемите: „Се соочуваме со климатски феномени кои не биле толку јасно видливи пред 10 години", предупредува Мехтхилд Реслер, која како дипломиран географ многу се занимавала и со екологија. Огромна опасност за Венеција гледа во неендемски црви кои стасале до северна Италија преку потопли води: „Тие го нагризуваат дрвото, на кое се потпира Венеција."

Проектот Мозе треба да ја заштити Венеција од поплавиФотографија: picture-alliance/ROPI/M. Toniolo

Ситуацијата со поплавите и понатаму критична

Веќе е јасно: Венеција е особено погодена од климатските промени. Титулата град на културно наследство со кој е под заштита уште од 1987, може да се врати како бумеранг поради незапирливиот раст на туризмот. Дали УНЕСКО на крајот ќе го остави градот во сопствените проблеми ако му го одземе статусот на светско наследство на градот? „Нема да се оди дотаму“, смета Реслер. „Тоа што денес не сме во состојба целосно да ја заштитиме Венеција е доказ за некомпетентност." Не се повикани само граѓаните на Венеција, туку и италијанските власти и меѓународната заедница. „Сите сме во истиот брод!"

Реслер од Париз понуди експертска помош од Светската организација за културно наследство. „Ако Венеција не` побара, ние сме спремни."

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми