1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Како милиони биле изнесени од Венецуела

Џулија Саудели
29 март 2019

Почнувајќи од 2014 членови на елитата и властите во земјата испрале повеќе од една милијарда американски долари од венецуелската државна нафтена компанија. Тие го користеле системот за размена на земјата.

Argentinien Dollar Scheine
Фотографија: picture-alliance/dpa/aa/S. Goya

Поранешниот германски банкар Матијас Крул се очекува на 29 април самиот да се пријави во затворот во Мајами за отслужување на 10 годишна казна затвор. Крул беше осуден минатиот октомври откако ја призна вината за учество во шема за перење пари од Венецуела преку повеќе земји, меѓу кои и САД. Седуммина други се обвинети заедно со Крул во август 2018 вклучително и "поранешни функционери, професионални перачи на пари и членови на венеуелската елита."

Но, каква ли врска може да има германски државјанин кој живеел во Панама и бил вработен во швајцарската банка Јулиус Бер со таквата шема?

Новинарот на „Ди Цајт", Инго Малхер го сретнал Крул на Флорида во јануари и објави исцрпен извештај за случајот. Во разговор за ДВ тој појаснува дека Крул е само дел од многу поголем слика која се врти околу венецуелската државна нафтена компанија Петролеос де Венецуела, главниот извор на земјата за приходи и странски валути, особено долари и евра.

Познати лица од венецуелската елита биле вклучени во шемата. Тие го изиграле системот на земјата за нелегално да стекнат пари, севкупно повеќе од една милијарда евра. Меѓу нив според американските истражители е и Раул Горин, венецуелски милијардер и сопственик на информативната мрежа Глобовижн, како и тројца посвоени синови на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро. Против тројцата не е покренато обвинение.

Изигрување на системот за промена на валути на земјата

Како функционирало одлевањето пари? Го користело системот за промена на валути на Венецуела.

„Во Венецуела има два курса на валути: националната и доларот," вели Малхер за ДВ. „Вредноста на националната валута во однос на доларот ја фиксира централната банка."

Но, не може секој да менува боливар во долари и обратно. Само неколку компании може да ја прават таквата конверзија, меѓу кои и државната нафтена компанија. Сите оние кои немаат пристап до официјални менувачници мора ги добијат на црниот пазар каде курсот е многу повисок отколку официјалниот. Боливарите има многу повисока вредност според официјалниот курс отколку на црниот пазар, а измамниците очигледно го злоупотребувале и официјалниот и неофицијалниот систем за промена на валути.

Фотографија: Getty Images/AFP/M. Delacroix

„Измамниците имаа долари", објаснува Малхер. „Со доларите купуваа боливари на црниот пазар. Потоа му дадоа заем на ПВДСА која им ги врати назад според официјалниот курс" – што резултираше во тоа да добијат повеќе долари од колку што имаа на почеток. Со ова групата ја зголем првичната инвестиција. Операцијата започна во декември 2014 година и со неа требаше да се проневерат над 530 милиони евра. До мај 2015 година група успеа да ја удвои сумата на над една милијарда евра.

Комплексна шема на перење пари

Ова е момент кога Крул влезе во игра. Според истрагата, почнувајќи од 2016 година, му бил доделен проецент од проневернените пари, од еден од соучесниците во шемата за перење на пари. Тој успеал да „испере“ околу над 53 милиони евра, за што добил над 500.000 евра за него. Крул не е единствениот вклучен во групата за перење пари – операција која вклучува различни средства и земји.

„Избрани се различни модели", вели Малхер за ДВ. „Ние знаеме дека голем дел од парите прво биле испратени на Малта, имено во нафтени компании кои имаат "номинирани акционери" посредници на кои им припаѓаат компаниите – но само на хартија.

„Од Малта, потоа тие ги инвестирале парите во различни бизниси. На пример, во обврзници издадени од компанијата, или во недвижнини во Шпанија. Или пак ги префрлале преку толку многу банки по што првичниот испраќач веќе станал непрепознатлив, " вели Малчер.

Земји дестинации за перење пари

Во февруари, по споделена информација од американските истражни органи, властите во Бугарија ги блокираа трансферите од сомнителни банкарски сметки на кои стасуваат милиони долари од ПДВСА.

Овој случај не е директно поврзан со шемата на Крул. Банкарските смети се отворени од индивидуални лица со повеќебројно државјанство, меѓу кои и бугарско, во една мала речиси непозната бугарска банка.

Според Малхер, луѓето кои перат пари најчесто бараат земји со слаба супервизија на банките и стабилна валута за да може да ги "исперат“ валканите фондови.

„Земји како Бугарија, но и земји како Германија се таргет за ваков тип на пари," објаснува Малхер. „Ако треба да ги сокриете парите преку корупција некаде во светот, се разбира, многу земји ви паѓаат на памет." Истражителите сега проверуваат и трансфери во други сомнителни земји.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми