Убиствата на новинари се ретки во Грција. Дотолку поголем затоа е шокот во домашната, но, и во меѓународната јавност по убиството од заседа на познатиот новинар и блогер Јоргос Караиваз.
Реклама
„Убиството на новинари е гнасен и кукавички чин“, напиша на Твитер претседателката на Европската комисија. „Европа се залага за слобода. А слободата на медиумите е можеби најсвета од сѐ“, порача Урсула фон дер Лајен во реакцијата на убиството на грчкиот новинар.
Јоргос Караиваз беше убиен пред својот дом во Атина преку ден, додека се враќал дома од работа. Караиваз работеше како репортер во областа за криминал на ТВ мрежата Стар. Познат е по своите извествувања за грчката полиција и за криминал. Тој уредуваше и интернет блог кој известува за овие теми.
Според наводите, двајца мажи на моторцикл, од кои еден бил во војничка облека, пукале во Караваиз најмалку шестпати додека новинарот излегувал од својот автомобил пред својот дом. Проценето е дека на местото на убиството се пронајдени 17 до 20 чаури, а деталите укажуваат оти убиците користеле пригушувач бидејќи соседите не ги слушнале истрелите.
Приватната телевизија Стар за која работеше Караваиз објави дека на новинарот му пришле двајца мажи на моторцикл и пукале во него.
Грчките власти го осудија убиството и соопштија дека истрагата е во тек.
И претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите, Тереза Рибеиро, меѓу другите, изрази шок поради убиството на новинарот Јоргос Караиваз кое се случи во Атина. „Новинарите би требало секогаш безбедно да ја извршуваат својата работа.
„Барам од грчките власти брзо да ги идентификуваат и да ги уапсат одговорните и јасно да го утврдат мотивот за овој страшен напад“, е наведено во соопштението на ОБСЕ.
Комесарката на Советот на Европа за човекови права, Дуња Мијатовиќ, ги повика властите итно и целосно да го истражат злосторството испита и да осигураат дека одговорните ќе бидат изведени пред лицето на правдата. На Твитер таа напиша дека убиството Караиваз е трагичен потсетник оти новинарството е опасна професија во Европа.
Редакциите на грчките медиуми често се цел на напади на вандали, но убиствата на новинари се релативно ретки во Грција.
Во јули сопственикот на таблоид Стефанос Киос преживеа по нападот од непознат напаѓач кој му пукал во вратот и во градите пред неговиот стан. Истрагата за овој случај е и натаму во тек. Менаџерот на радио, блогер и истражувачки новинар Сократис Гиолиас во 2010 година беше убиен пред својата куќа. Во тоа време наводно работел на една приказна за корупција. Одговорност за ова убиство презеде една левичарска група, но случајот никогаш не е решен.
Апсени, мачени, убивани
Поради тоа што ја работат својата работа, новинарите се на мета на влади, нарко банди или екстремисти. По повод светскиот ден на Слободата на медиумите потсетуваме на дел од нив, од Мексико преку Македонија до Бангладеш
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/A.Naveed
Турција: Дениз Јуџел
Германско-турскиот новинар Дениз Јуџел од февруари 2017 година е во затвор во Турција. Обвинет е за ширење терористичка пропаганда и бунт. Докази за тоа не се доставени. И покрај острите критики од Германија, турскиот претседател Ердоган најави дека Јуџел нема да биде ослободен. Повеќе од 140 новинари се уапсени во земјата по неуспешниот пуч минатата година.
Фотографија: picture-alliance/dpa/C.Merey
Русија: Николај Андрушченко
Непознато лице го претепа Андрушченко на улица во Санкт Петербург. На 19 април годинава, 73 годишникот им подлегна на повредите. Андрушченко пишуваше за кршење на човековите права и криминал. Во неговиот последен документарец говореше за тоа дека Владимир Путин на власт дошол благодарение на врските со криминалците и КГБ.
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Usov
Бангладеш: Авијит Рој
„Мукто- Мона“, „слободен дух“, така се викаше блогот на критичарот на Исламот Авијит Рој. За себе говореше дека е „секуларен хуманист“ поради што го предизвика бесот на исламистичките екстремисти во Бангладеш. Рој живееше во САД. Кога во февруари 2015 дојде на саем на книги во Дака, фанатици го расекоа со мачети. Блогерите се постојана мета на екстремистите во Бангладеш.
Фотографија: Getty Images/AFP/M. U. Zaman
Мексико: Мирослава Брич
На 23 март 2017, Мирослава Брич беше убиена со осум истрели во глава од платен убиец. Новинарката известуваше за корупција и злосторства на нарко-картелите. Убиецот оставил порака „За предавничката“. Брич е трета новинарка убиена во Мексико во март годинава.
Тој важеше за единствениот политички затвореник во Југоисточна Европа: Кежаровски се најде во неволја затоа што објави делови од интерен полициски извештај работејќи на расветлувањето на смртта на еден друг новинар.Во октомври 2013 година, по сомнителен судски процес, осуден е на четири и пол години затвор. Подоцна е осуден на две години куќен притвор, за што во моментов пишува книга.
Фотографија: DW/K. Blazevska
Ирак: Шифа Гарди
Репортерката Гарди загина на 25 февруари на боиштето во северен Ирак при експлозија на мина. Родената Ирачанка работеше за курдската новинска агенција Рудав во Ербил и известуваше за борбите меѓу ирачките сили и Исламската држава. Во околината на Мосул, терористите на ткн. Исламска држава постојано киднапираат, протеруваат и убиваат новинари.
Фотографија: picture alliance/dpa/AA/F. Ferec
Саудиска Арабија: Раиф Бадави
Саудискиот активист беше осуден на десет години затвор и 1.000 удари со камшик. Бадави е во затвор од 2012 година поради „навредување на Исламот“. Во јануари 2015 за првпат беше јавно камшикуван. Во светот беше покрената кампања за негово ослободување, а режимот ја суспендираше казната. Неговата сопруга Енсаф Хајдар и децата добија азил во Канада.
Фотографија: Imago/C. Ditsch
Узбекистан: Салијон Абдурахманов
Од 2008. година Абдурахманов е во затвор, поради наводно поседување дрога. Владата на критичарите им подметнува дрога за да ги замолчи, тврдат од организацијата Репортери без граници. Гревот на Абдурахманов е што за независни портали и за Гласот на Америка пишуваше за корупцијата, човековите права и заштита на животната средина.
Кина: Гао Ју
Новинари, блогери и активисти кои го критикуваат режимот, во Кина се под голем притисок. Така и поранешната соработничка на Дојче Веле беше уапсена во 2014 година. Поради наводно објавување на државни тајни во 2015 беше осудена на седум години затвор. Благодарение на меѓународниот притисок пуштена е од затвор и казната ја издржува во домашен притвор.
Фотографија: DW
Азербејџан: Мехман Хусеинов
Тој објавува политички интернет магазин во кој пишува за корупција и кршење на човековите права. Мехмед Хусеинов е еден од најпопуларните видео блогери во Азербејџан. Со кампањата „Лов на корумпирани функционери“ обвинува високи функционери на Азербејџан за корупција. Повеќе пати е изложуван на закани, а во март 2017 е осуден на две години затвор поради клевета.