Доволна е само една доза од вакцините на Фајзер и Модерна?
СН/агенции
18 февруари 2021
Ковид-вакцините на фармацевтските концерни Фајзер и Модерна покажуваат висока ефикасност веќе по првата доза, се вели во најновата студија на канадски научници. Дали ова сознаније ќе влијае врз процесот на имунизација?
Реклама
Научниците ги повикаа владите да ја одложат примената на втората доза од вакцината против коронавирусот од компаниите Фајзер/Бионтек, бидејќи веќе по првата доза се покажува нејзината висока делотворност од 92,6 отсто.
Данута Сковронски, канадскиот епидемиолог, и Гастон Де Сер, професор на канадскиот медицински факултет на универзитетот Лавал, во студијата објавена во весникот New England Journal of Medicine велат дека нивните заклучоци се темелат врз документацијата која Фајзер ја поднел до Американската агенција за храна и лекови.
До вакцина, како на лотарија
01:35
И кај другата вакцина против коронавирусот заснована на информациска РНК, на компанијата Модерна е утврдено дека веќе по првата доза делотворноста е 92,1 насто, пишуваат Сковронски и Де Сер.
Тие, притоа, предупредуваат дека сѐ уште не е познато колку долго трае заштитата која ја пружа само едната доза од вакцината заснована на информациска РНК, но истакнуваат дека давањето на втората доза еден месец по првата пружа „краткорочно малку дополнителна полза“:
„Со оглед на моменталниот недостаток на вакцини, одложувањето на втората доза е прашање на национална безбедност, која ако биде игнорирана сигурно би резултирало со илјадници хоспитализирани и починати поради Ковид-19 за време на зимата во САД“, пишуваат авторите на студијата.
Фајзер за својата вакцина препорачува давање на двете дози во период од 21 ден и сѐ уште не тестирал други распореди на вакцинирање и порача дека одлуката за давање на само една доза е работа на здравствените власти. „Ние во Фајзер веруваме оти здравствените власти мораат да испитаат други распореди на вакцинирање за да се осигураат дека вакцините пружаат најголема можна заштита“, додаваат од Фајзер.
Пандемија: Животот свртен на глава
Пред нешто повеќе од една година мистериозен нов коронавирус започна да се шири низ светот. Денес, бројот на заразени во пандемијата е над 100 милиони, а секојдневието на луѓето ширум планетата е драматично променето.
Фотографија: Flaming Lips/Warner Music/REUTERS
Колективно физичко дистанцирање
Сингапур има многу ниски стапки на инфекции со коронавирусот од октомври досега. Набљудувачите ја фалат оваа град-држава во југоисточна Азија за одржување на вирусот под контрола со внимателно следење на нејзините граѓани, делумно со апликацијата за задолжително следење. Падот на инфекциите значи дека локалното население може да посетува кино на отворено - под услов да се одржува физичка дистанца.
Фотографија: Edgar Su/REUTERS
Во Јужна Африка се шири страв
Јужна Африка е најтешко погодената африканска земја од пандемијата на коронавирусот. Овој пациент во болница во близина на Кејп Таун е еден од 1,4 милиони граѓани кои се заразени со Ковид-19. Новата варијанта на коронавирусот, позната како B.1.351 или 501Y.V2, само го зголеми стравот. Исто како и новата варијанта на британскиот вирус, се смета дека оваа јужноафриканска мутација е многу позаразна.
Фотографија: Rodger Bosch/AFP/Getty Images
„Социјално дистанцирање на сонце“
Со зголемените летни температури, многу Австралијци се во можност да уживаат во освежително пливање во океанот. Поставени се знаци за да ги потсетат посетителите на плажите да држат дистанца додека уживаат во сонцето, во обид да се спречи нов пораст на инфекции. Австралија забележа значително намалување на бројот нови случаи од септември наваму.
Фотографија: Bai Xuefei/Xinhua/imago images
Болка поради оние кои починаа
Келвија Андреа Гонкалвес (16) плаче на гробот на нејзината мајка во бразилскиот град Манаус - Андреа дос Реис Брасао почина на само 39-годишна возраст. Таа е една од безбројните жртви од Ковид-19 во градот кој остана без неопходниот кислород. Многу луѓе го обвинуваат екстремно десничарскиот претседател Жаир Болсонаро за мрачната состојба во земјата. Во Бразил од вирусот починаа над 221.000 лица.
Фотографија: Bruno Kelly/REUTERS
Што е сигурно е сигурно?
Во Хонг Конг, властите оградија цели населби без предупредување како одговор на ненадејниот пораст на инфекциите. Градот, посебен административен регион на Кина, наметна слични драконски мерки за спречување на епидемијата на вирусот како оние кои беа во сила во Кина. До неодамна, стапките на инфекции тука беа многу ниски.
Фотографија: Tyrone Siu/REUTERS
Танцување во сопствен меур
Американскиот рок-бенд The Flaming Lips смисли начин како да организира концерти со физичка дистанца: на неодамнешниот концерт во Оклахома Сити, бендот ја замоли публиката да влезе во пластични меури кои се надувуваат. На овој начин, тие можеа да се танцуваат додека безбедно се изолирани во сопствени меури. Публиката дури можеше да го држи на раце и фронтменот Вејн Којн кој се стркала од сцената.
Фотографија: Flaming Lips/Warner Music/REUTERS
Цркви претворени во центри за вакцинација
Многу цркви во моментов се затворени поради пандемијата, па местата за богослужба се претвораат во центри за итна вакцинација- како тука во катедралата Лихфилд, во близината на Бирмингем, Англија. За разлика од земјите во ЕУ кои во моментов се соочуваат со недостиг на вакцини против Ковид-19, Велика Британија редовно се снабдува со дози.
Фотографија: Carl Recine/REUTERS
Светло на крајот од тунелот
Ејми Езат подготвува торта во форма на вакцина која треба да се дистрибуира меѓу пациентите со Ковид-19 кои се лекуваат во болницата во Каиро. Египет се бори да ја активира својата кампања за имунизација низ целата земја. Сепак, на многумина можноста да се вакцинираат против коронавирусот им дава огромно чувство на надеж.