Уште од моментот кога мобилните телефони влегоа во нашите животи во новиот милениум, се отвори дебатата за тоа какви лоши ефекти имаат.Но колку навистина знаеме какви здравствени ризици предизвикуваат мобилните телефони?
Реклама
Наукaта со која се испитуваат мобилните телефони постојано излегува со нови студии. Тумор на мозок, нервно оштетување и различни видови на тумор се посочени како потенцијални негативни последици од користењето на мобилни телефони. Иако сеуште нема цврсти докази за нивното негативно влијание, тоа не значи дека не постои причина за загриженост.
Радијација?
Голема загриженост околу здравствените ризици од мобилните телефони е радијацијата што ја емитуваат. Мобилните телефони ослободуваат радиофреквенција, или радио бранови кои може да се апсорбираат во човечкото ткиво. Студии од минатото пронајдоа поврзаност меѓу употребата на мобилни телефони и одредени мозочни тумори. Но, според Мартин Росли, првиот човек на одделението за влијанијата на околината врз здравјето во швајцарскиот Институт за јавно здравје, видот на радијација што ја емитуваат мобилните телефони не треба воопшто да не загрижува.
Се работи за многу ниско ниво на радијација – истото го има во ТВ и радио сигналите. „Тоа не е не-јонизирачка радијација, што значи не се радиоактивни ил икс зраци, " објаснува Росли за ДВ. „Не може да се случи директно оштетување на ДНА со ваков тип на радијација. Тоа е невозможно."
Според него „нема индикации" за поврзаност меѓу овој тип на радијација и рак. Многу често овие студии се „ретроспектива“ и се базираат на сеќавања за користење на мобилни телефони, кои луѓето кои имаат тумор ги наведуваат како причина“, додава тој.
40 години мобилни телефони
Многумина не можат да си замислат живот без мобилен телефон. Тој исполнува различни функции и стана наш постојан придружник. Ретроспектива на победоносниот поход на мобилните телефони.
Фотографија: Telekom
Првиот мобилен
Мартин Купер, поранешен вицепретседател на „Моторола“ со DynaTAC (Dynamic Adaptive Total Area Coverage). Тоа беше првиот комерцијално достапен преносен мобилен телефон. Во малопродажба меѓутоа стигна дури десет години откако беше претставен прототипот. Тешеже помалку од еден килограм, што тогаш беше револуционерно. Исто така беше и скап: чинеше речиси 4.000 американски долари.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Тешки почетоци
Пред 70 години оние кои телефонираа мобилно со себе носеа апарат тежок 25 фунти (околу 11 килограми) и имаа лимитиран досег. Врската ја воспоставуваа „госпоѓиците диспечерки“ и таа се прекинуваше кога ќе се напуштеше местото на станицата за емитување на сигналот. Поради високите трошоци телефонирањето по пат беше привилегија за политичарите и бизнисмените.
Фотографија: Museum für Kommunikation Frankfurt
Џебен формат
Во 1989 на пазарот се појави првиот мобилен телефон кој можеше да се носи во џебот од панталоните. Моделот MicroTAC на „Моторола“ истовремено беше и првиот телефон на преклопување. Со овој телефон започна трендот за се’ помали апарати.
Фотографија: picture-alliance/dpa
„Коската“
Летото 1992 година започна епохата на дигиталната мобилна телефонија. Исто така и апаратите се развиваа натамошно. Моделот на „Моторола“ International 3200 - кој нагалено се нарекуваше и „коска“ беше првиот мобилен, кој ги поддржуваше мобилните стандарди на втората генерација (2G).
Фотографија: Telekom
Победоносниот поход на СМС
Во 1994 беа воведени СМС пораките (Short Message Service - SMS). Првично беа измислени за да им се испраќаат пораки на клиентите за лошиот прием или за пречки во мрежата. Пораката од 160 знаци меѓутоа набрзо стана една од најкористените мобилни телефонски услуги, по телефонирањето. Многумина млади смислија и скратеници како на пример „lol", за да заштедат место.
Фотографија: DW/Brunsmann
Масовен производ - мобилен телефон
Понудата на мобилни апарати значително се зголеми од 1997 година. Мобилните на преклопување или со лизгачи предизвикаа внимание и станаа нов омилен моден додаток. Поволните модели и воведувањето на Припејд - картици направија од мобилниот масовен производ.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Првите смартфони
Нокиа 7110 во 1999 беше првиот мобилен со ВАП протокол (Wireless Application Protocol -WAP). На овој начин корисниците на мобилни добија пристап до интернет. Иако тоа беше минимална текст верзија на интернет, се работеше за револуционерен чекор кон мобилниот инернет. Следуваа слични модели кои воедно беа мобилни телефони, пејџери и факс апарати.
Фотографија: imago
Мини компјутер
Техничкиот развој се одвива со брзо темпо: дисплеј во боја, МП3 плеер, радио и видео функции наскоро станаа стандард за секој мобилен. Благодарение на ВАП и ЏПРС технологиите корисниците на своите мобилни можат да отворат компримирани интернет страници. Неколку години подоцна стана можно преку мобилен да се гледа и телевизија.
Фотографија: Telekom
„Фешн“ телефон
Еден од омилените апарати беше мобилниот со камера со име Моторола RAZR кој во 2004 година беше пуштен во продажба како „фешн“ телефон. До средината на 2006 година беа продадени 50 милиони парчиња. Техниката на мобилниот не беше револуционерна, но затоа беше убедлив неговиот дизајн. Со RAZR мобилните добија нов изглед.
Фотографија: Getty Images
Нова ера
Во 2007 првиот iPhone на „Ејпл“ со „тачскрин“ предизвика револуција на пазарот за мобилни телефони. Тој не беше првиот смартфон, но беше првиот кој беше пристапен за широка потрошувачка. Подоцна беше прилагоден на 3G-технологијата, која е достапна од 2001 година.
Фотографија: imago
Визии за во иднина
Со LTE започнува четвртата генерација мобилни телефони со уште повисоки можности. Домот, автомобилот и работното место треба да бидат управувани попат и да бидат вмрежени. Исто така и развојот на смартфоните не е на крајот. Во моментов се развива можноста за плаќање преку мобилен како и управување преку движење на очите.
Фотографија: picture-alliance/dpa
11 фотографии1 | 11
„Немаме забележано големо зголемување на бројот на заболени во последниве две децении, што би требало да се случи ако имаше голем ризик од употребата на мобилните телефони," објаснува Росли.
Со сличен став е и Франк де Вохт, од Институтот за јавно здравје и епидмиологија на Универзитетот во Бристол, кој за ДВ изјави дека е малку веројатно дека опасноста од мобилните телефони едноставно исчезнала. „Ако употребата на мобилните телефони го зголемува ризикот од опасни болести, како на пример, рак, тоа ќе беше многу применето во научните методи за испитување, како на пример за ризиците од пушење и ракот на белите дробови."
Почекајте, има уште
Но дали тоа значи дека радијацијата од мобилни телефони нема никакво влијание врз мозокот? Претходните студии имаат пронајдено докази дека може да ги смени нашите мозочни фреквенции. Сега пак, нова студија во која коавтор е Росли пронајде врска меѓу употребата на мобилни телефони и негативниот ефект врз меморијата кај младите луѓе.
Швајцарските научници анализирале 700 адолесценти меѓу 12 и 17 години, регистрирајќи ги нивните навики на користење на телефон, а тие пополнувале и тестови за меморија. За една година, учесниците во истражувањето мораше да пополнат прашалник во врска со нивните навики за користење на мобилните телефони, како и да одговорат на прашања за нивното психолшко и физичко здравје. Потоа завршија серија компјутериризирани когнитивни тестови. Росли вели дека уникатен сегмент од студијата било користењето на кориснички податоци од мобилните оператори. Тоа значи дека за секој повик на еден од испитаниците, научниците „знаат на која мрежа бил и колку време траел разговорот."
Студијата открива и дека една година изложеност на радијација од мобилни телефони може да има негативен ефект врз развојот и степенот на меморија на специфични мозочни регии кај адолесцентите. Тука „изложеноста“ речиси исклучиво се однесува телефонски разговори.
„80% од апсорбираната радијација доаѓа од држењето на телефонот до главата," објаснува Росли. Интересно е дека тие откриле дека мемориската функција е многу поранлива и поподложна не негативни влијанија од радијацијата ако телефонот се држи на десната страна од главата. Тука се наоѓаат региите кои се поврзани со меморијата.
„Во основа она што го видовме е дека колку е поголема апсорбција на радијација (од мозокот) толку е поголема веројатноста дека меморијата нема да се развие толку добро во споредба со оние кои има помала апсорбција, " рече Росли за ДВ. Научниците, исто така, истакнаа дека треба да се направат повеќе истражувања за да се исклучат други фактори, вклучително и пубертетот, што би можело да влијае и врз употребата на мобилните телефони и когнитивните функции.
При користењето на мобилните телефони за други активности - испраќање на текстуални пораки, фотографирање, користење на апликации - „речиси и да нема (радиоактивна) изложеност на мозокот“.
Дали треба да ги промениме навиките ?
И покрај негативните ефекти кои ги регистрирале, Росли ги опишува овие како „многу суптилни". Но, ако сте загрижени, научниците нагласуваат дека ефектите од радијацијата лесно „може да бидат минимизирани" со тоа што ќе зборувате на мобилен на левата страна од главата, или да се користат слушалки – „особено ако квалитетот на мрежата е лош".
„Студијата покажува дека и покрај тоа што има влијание – како во случајов, врз меморијата – тој е релативно мал," објаснува Де Вохт. „Според мене најважната лејција од сите овие студии е дека користењето на мобилните телефони не е екстремно опасно, и покрај одредени такви тврдења."
20 години од првиот смартфон
Милијарди луѓе ширум светот не можат да си го замислат животот без смартфон.Поминаа точно 20 години откако првиот таков телефон се појави на пазарот. Во Македонија, во меѓувреме, во оптек се над два милиони мобилни уреди
Фотографија: DW/M.Bösch
Импресивен диносаурус
Вака изгледаше првиот смартфон. Овој уред беше произведуван од Нокиа и го носеше името 9000 Комуникатор (9000 Communicator). За прв пат во историјата мобилен телефон имаше функции како персонален компјутер. На „малата направа“ можеше да се користи канцелариски софтвер, да се „сурфа“ на интернет, а имаше и опција за факс. Продажбата започна на 15 август 1996 година, а цената изнесуваше 1.400 евра.
Фотографија: dpa/Nokia
Модерен и моќен
Во наредните десетина години модерните смартфони забележаа значителен развој. Денес тие тежат помалку, а се способни да извршуваат многу повеќе функции за многу брзо време. Имено, денешните смартфони имаат поголем капацитет за компјутерски операции и пресметки од компјутерите кои биле користени од мисијата на Аполо 11 за слетување на месечината.
Фотографија: Getty Images
Неочекувани ефекти
Постојат илјадници апликации кои придонесуваат на корисниците на смартфоните никогаш да не им биде здодевно. Дел од нив се особено корисни за државните органи. Властите во Индонезија користат донирани уреди за да откријат нелегално сечење на дрва преку апликација која постојано „слуша“, а кога ќе „чуе“ звук на моторни пили веднаш испраќа известуавње.
Фотографија: Getty Images
Телефонот како метеоролог
Истражувачите од мрежата „OpenSignal“ открија дека сензорите кои се наоѓаат во Андроид паметните телефони, а кои се користат за мерење на температурата на батеријата, интензитетот на светлината, како и сензорите за притисок - можат да бидат искористени за добивање на прецизни метеоролошки извештаи.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Моќта е во урината
Научници од Бристол, Англија креираа уред кој со помош на човечката урина може да генерира електрична струја. Со 600 милилитри урина може да се добие доволно електрична енергија за 3 часа разговор. Исто така, кога сме веќе на темата смартфони и тоалети – речиси 100.000 смартфони годишно паѓаат во тоалетите на Британците.
Фотографија: Imago
Роаминг
Селин Еронс од Јужна Флорида се најде на насловните страници откако пред неколку години ја доби највисоката телефонска сметка во историјата. Таа мораше да плати 201.000 долари по интензивната смс-комуникација за време на нејзиниот одмор во Канада.
Фотографија: Imago
Надминати очекувања
Денес има 1.9 милијарди корисници на смартфони во светот и тој број постојано расте. Во глобални рамки, само во првиот квартал од оваа година биле продадени 349 милиони уреди, што споредено со истиот квартал минатата година изнесува зголемување за 3.9 проценти. Најпродаваниот телефон е Самсунг Галакси С7, по што следуваат Ајфон 6с и 6с Плус.
Фотографија: Reuters/A. Gea
7 фотографии1 | 7
Она што ги загрижува Росли и Де Вохт не се потенцијалните биолошки ефекти од употребата на мобилни телефони, туку промените во навиките кај оние „зависни“ корисници на мобилни телефони. Според нив, сите можни влијанија од зрачењето на мобилните телефони се далеку помалку релевантни од оние што го менуваат начинот на кој луѓето се однесуваат.
„Постојат убедливи докази дека она што личи на ‘зависност од мобилни телефони' негативно влијае врз социјалната интеракција, менталното здравје и благосостојбата", рече Де Вохт.
Во 2015 година беше објавена студија во која Росли е коавтор и која открила дека адолесцентите многу ги користат нивните телефони - особено кога родителите "гасат светло" и ги испраќаат на спиење – што ги наруши навиките за спиење, а тие се „многу поуморни". Тоа е такво истражување за кое смета дека е "многу порелевантно од перспектива на јавното здравство" при разгледување на ризиците по здравјето на употребата на мобилни телефони.
„Тоа нема никаква врска со зрачење, туку со животните навики". Росли е категоричен дека ако зрачењето има ефект врз корисниците на мобилни телефони „тоа во моментов не е ништо значително, барем не во овој момент".