1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Дали напаѓачот од Торонто мразел жени?

ЖА
25 април 2018

Дали омразата кон жените била мотив на напаѓачот со комбе? На тоа упатува не само изборот на жртвите, туку и неговите изјави на социјалните мрежи пред да го изврши повеќекратното убиство во Торонто.

Kanada Wagen rast in Menschen auf einer Kreuzung in Toronto
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/The Canadian Press/A. V. Elkaim

Возачот со комбе во Торонто,  според полицијата, убивал воглавно жени. Жртвите се претежно од женски пол, на возраст меѓу 20 и 80 години. На Фејсбук, непосредно пред да го изврши делото, 25-годишниот убиец Алек М. оставил шифрувана порака, во која му се восхитува на американскиот државјанин Елиот Роџер, кој во 2014. година во сојузната држава Калифорнија уби шест луѓе и се потоа се самоуби. Тогаш 24-годишниот Роџер бил фрустриран поради одбивниот став на жените кон него.

Напад со комбе врз пешаци во Торонто

00:42

This browser does not support the video element.

Алек М. во понеделникот, возејќи по улиците со изнајмено возило со голема брзина повеќепати се качувал на тротоар, косејќи притоа пешаци, при што загинаа десет лица, а 14 се повредени, некои од нив се борат за живот. Возачот беше уапсен и во меѓувреме е обвинет за десеткратно убиство и обид за убиство во 13 случаи. Медиумите известуваат дека напаѓачот речиси не покажувал никакви емоции при изведувањето пред суд. Тој досега не бил осудуван, а немал ниту помошници. Од судски и полициски извори се вели дека веројатно бил душевно пореметен. Во неговото училиште се држел по страна, ретко се дружел со некого.

Истрагата сепак се води во сите правци, истакна градоначалникот на Торонто, Џон Тори во Градскиот совет. Канадскиот премиер Џастин Трудо им се заблагодари на сите спасувачи кои беа вклучени во „бесмислениот напад и страшната трагедија“.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми