1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дали наскоро енергијата ќе стане прескапа?

Хенрик Беме
23 октомври 2021

Цените на струјата, гасот и бензинот постојано растат. Потрошувачите наскоро ќе почнат да ги тријат очите со неверување кога ќе почнат да добиваат сметки со високи суми. На повидок нема подобрување, оценува Хенрик Беме.

Symbolbild Diesel Zapfsäule
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Marks

Бензинската пумпа е „Златно теле“ за Германците. Луѓето во оваа земја речиси и да не ги возбудува ништо толку многу колку пораст на цената на горивата. Дизелот достигна рекорд на сите времиња, а многу веројатно тоа ќе се случи и со цената на бензинот. Наскоро може сама од себе да им се исполни дамнешната желба на Зелените - литар дизел да чини, како што посакуваа, 5 германски марки. Таков заклучок донесоа пред 23 години на еден партиски конгрес, со цел посредно, преку високата цената на горивото, да влијаат на луѓето да не возат автомобили. Ова скапо ги чинеше и само со голема среќа на тогашните избори го преминаа изборниот праг.

Корона и високи цени

Тоа е речиси заборавена епизода, но Зелените во моментов се повторно пред влез во германската влада – по вторпат во историјата на партијата. Околностите се сè, освен идеални: пандемијата ни оддалеку не е завршена, а економските последици од неа (настрана од здравствените) се огромни. Високите цени на енергенсите не само во Германија, туку во цел свет, исто така се резултат на пандемијата, бидејќи светската економија се опоравува побрзо од очекуваното. Тоа пак води кон поголема побарувачка за енергија. Равенката е јасна: голема побарувачка ја качува цената во вис, но ситуацијата никогаш не била како сега – само големопродажната цена на гасот годинава порасна за неверојатни 440%.

И цената на нафтата се искачува на старите рекорди и само за една година цената е двојно зголемена. Но, тоа се всушност добри вести. Додуша не за сопствениците на автомобили, туку за преобразба на стопанството во насока на климатска неутралност, бидејќи тоа е вистинскиот пат ако сакаме промена во енергетскиот сектор: фосилните горива мора да станат толку скапи за да може да станат исплатливи обновливи извори на енергија. Ако ветерот, сонцето и водата станат поевтина алтернатива тогаш само од себе ќе се реши прашањето со јагленот и гасот. Тоа беше и планот, но не функционира, бидејќи ние сме сѐ уште далеку од енергетски пресврт.

Хенрик Беме

Енергетски пресврт, но на вистински начин!

Ова не е случај само во Германија, туку и во мнозинството други земји. Луѓето главно возат автомобили со мотори на внатрешно согорување, се греат на нафта или гас, а од штекерите им доаѓа струја произведена од јаглен. Патем, Кина во моментов има намера повторно да покрене експлоатација на јаглен во 150 рудници кои беа затворени. Само ние, во Германија, за жал, се водиме од лудата замисла секогаш да им покажуваме на другите што и како би можело да се направи. Можеме само да се надеваме дека никој нема да тргне по нашите стапки во делот на она што досега го нарекуваме „промена во енергетската политика”.

Бидејќи таа досега нѐ чинеше еден тон пари, а сѐ уште на пример нема далноводи кои енергијата од ветровите од Северно Море би ја донесле до југот на Германија. Уделот на обновливи извори на енергија во вкупната потрошувачка е едвај 17% (за споредба: во Шведска се веќе 56%).

Во Германија за секоја електрана на ветер се водат парници на суд. Но, промена во енергетиката може да се случи само со поддршка од граѓаните. Оној кој сака да вози автомобил, ќе мора во следните години подлабоко да бркне во џебот. Освен ако не си купи, со државни субвенции, електричен автомобил. Шефот на Фолксваген, Херберт Дис, пресмета дека ќе биде двојно поскапо да се вози „обичен“ од електричен автомобил.

Топол стан во зима, исто така, ќе чини повеќе. Едноставно, не секој ќе може да си го дозволи тоа. Значи, за цената на енергенсите да не стане предмет на раздор во општеството, ќе мора да има компензација за социјално загрозените.

„Обликување на заштитата на климата во рамки на социјална рамноправност“ – ова не смее да остане само изборно ветување. Работата на новата сојузна влада ќе се мери по ова прашање.

Брзо проширување на капацитетите од обновливи извори на енергија

Но, дали е исправно порано од предвиденото да се напушти користењето на јаглен додека истовремено следната година е предвидено и затворање на атомските електрани? За тоа мора итно да се размисли – за да се надополни недостатокот Германија ќе создаде дополнителна емисија од 50 до 70 милиони тони ЦО2. Алтернатива е Германија да купи атомска енергија од Франција. Но, ни тоа не е решение. Тогаш, што да се прави?

Идната влада мора да го спроведе она што го договори на крајот на прелиминарните коалициски разговори, а што ќе биде и клучна точка во преговорите за идната влада: мора драматично да се забрза изградбата на капацитети за обновливи извори на енергија. Тоа е клучно за перспективно кризата со цените на енергенсите да се стави под контрола. Во спротивно енергенсите ќе станат премногу скапи. Со несогледливи последици.

Како да се заработат пари со e-автомобил?

01:11

This browser does not support the video element.

Хенрик Беме Уредник за економија, со фокус на меѓународната трговија, автомобилската бранша и финансиите@Henrik58
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми