1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дали полските МИГ-29 ќе стигнат во Украина преку Косово?

БГ /АП
9 март 2022

Полска во вторникот соопшти дека ќе им ги подари своите воени ловци МИГ-29 на САД, кои пак, треба да најдат начин како да и ги проследат на Украина. Како посредник се споменува и Косово.

МИГ-29
Воен авион од типот МИГ-29 на српската авијацијаФотографија: Andrej Isakovic/AFP/Getty Images

Полска го направи првиот чекор кон најавеното испраќање на борбени авиони од типот МИГ-29 на Украина како помош во војната против Русија, но се уште е неизвесно како тие летала ќе стигнат до крајната цел.

Полска соопшти дека е подготвена да ги префрли 28-те авиони во американската воена база Рамштајн во Германија, а потоа Вашингтон да реши како ќе ги достави до Украина.

Претставници на САД во првичната реакција велат дека се изненадени од соопштението на Варшава.

„Колку што знам, не беше договорено со нас дека планот е нам да ни ги дадат авионите“, изјави американскиот државен подсекретар Викторија Нуланд.
Според информациите, Полска побарала од САД за возврат да добие авиони од типот Ф-16.

Русија веќе предупреди дека поддршката за Украина со воени авиони ќе биде сметано за учество во конфликтот и подложно на одмазднички чекори. 

Компликувана зделка  

Целата зделка е комплицирана затоа што ни НАТО, ниту ЕУ не сакаат да бидат директно инволвирани во трансакцијата која значително ќе ги зголеми тензиите со Русија. Ни САД не сакаат директно да и ги достават авионите на Украина.
За да се одржи претставата дека НАТО и ЕУ не се директно вмешани во украинскиот конфликт, се разгледуваат повеќе опции. Според едно сценарио, Полска ќе ги однесе авионите во базата Рамштајн, каде тие треба да бидат премачкани, а потоа пренесени во земја која не е членка ниту на НАТО, ниту на ЕУ. Иако засега не е дефинитивно договорен таков посредник, како можна опција се споменува Косово, како една од неколкуте земји кои би можеле да ја одиграат улогата, тврди агенцијата Асосиејтед прес.

Властите во Приштина досега не ја коментираа оваа можност, но премиерот Албин Курти во интервју за Франс Прес во вторникот повика на забрзан прием на неговата земја во ЕУ и НАТО и оцени дека неговата земја е под зголемен ризик од Русија. Косовскиот министер за одбрана Арменд Мехај минатата недела побара САД да отворат постојана воена база во неговата земја „како гаранција за мирот и безбедноста на Западниот Балкан“.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми