Она што на почеток звучеше како теорија на заговор, може да излезе вистина. Дали новиот вид на коронавирус можеби сепак „избегал“ од лабораторија во која се истражувале вируси врз лилјаци?
Реклама
Долго време експертите и новинарите шпекулираа за тоа како новиот вид на коронавирус САРС-КоВ-2 стасал во Вухан. Сите сомнежи беа вперени кон пазарот за риба, на кој се тргувало и со диви животни. Сега повеќе западни медиуми пишуваат дека е можно вирусот да потекнува од Институтот за вирологија во Вухан кој е во непосредна близина на пазарот.
Уште во јануари на социјалните мрежи кружеа теории кои укажуваа на Институтот, но беа поврзани со теории на заговор за производство на тајно биолошко оружје. Тогаш „Вашингтон пост“ ја отфрли тезата дека се работи за човечки произведен вирус. Виролозите кои ги консултираше весникот, поради природата на вирусот, ја исклучија можноста дека се работи за човечки произведена мутација.
Каде сѐ демне коронавирусот?
Коронавирус насекаде! Можеби дури и на пиперките, билетот за возење, сопственото домашно милениче. Што воопшто смеам да допирам? Ова вознемирувачко прашање си го поставуваат многумина. Еве неколку смирувачки одговори:
Досега познатите коронавируси остануваат опасни на површини како кваките околу четири-пет денови. Како и другите инфекции преку капки и SARS-CoV-2 се пренесува преку рацете и површините кои се допираат често во текот на денот. Иако вирусот е нов и затоа е прилично непознат, експертите сметаат дека и за него важат многу резултати од истражувања на други, веќе познати коронавируси.
Затоа, треба да се биде претпазлив и кога се руча во кантината на работното место - доколку таа одамна не е веќе затворена. Коронавирусите во основа можат преку кивање или кашлање на инфицирано лице да завршат на приборот за јадење или чиниите. Германскиот институт за проценка на ризици (БфР) меѓутоа пишува дека „досега не се познати инфекции со SARS-CoV-2 кои се појавиле со ваков начин на пренос“
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Kalaene
Страв од увозна стока?
Дали родителите мора да се плашат од инфекција преку играчки од увоз? Не, велат од БфР. Досега нема случаи на инфицирани лица за кои е докажано дека се заразиле преку увезени играчки или друга стока. Експертите сметаат дека вирусите немаат голема стабилност при промена на животната средина. Предизвикувачот на болеста е опасен повеќе денови пред сѐ во услови на студ и голема влажност на воздухот.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Gollnow
Пакети полни вируси
Коронавирусите кои го напаѓаат човекот не се особено стабилни на суви површини. Со оглед на тоа што стабилноста на вирусите надвор од човечкиот организам зависи од могу фактори, како темпертурата и влажноста на воздухот, БфР ја смета инфекцијата по пошта за „главно неверојатна“. Сепак, институтот признава дека сѐ уште не располага со точни податоци за SARS-CoV-2.
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Becker
Вирусен пинг-понг со домашното милениче?
Дали моето куче може да ме зарази мене или јас да го заразам него? Ризикот домашните миленичиња да се заразат од коронавирус е оценет како низок од страна на експертите. Но, тој не може сосема да се исклучи. Самите животни не покажуваат симптоми, значи не заболуваат. Но, доколку се инфицирани тие може преку својот здив, плунка, повраќање, урина да го пренесуваат вирусот.
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/A. Tarantino
Опасен зеленчук?
Пренесување на SARS-CoV-2 преку контаминирани прехранбени продукти, според БфР, не е веројатно. Досега нема докажани случаи на инфицирање на ваков начин. Темелно миење на рацете пред подготовка на оброкот, и во времиња пред и по коронавирусот, е нешто што се подразбира. Со оглед на тоа што вирусите се чувствителни на топлина, загревањето на намирниците натамошно го намалува ризикот од инфекција.
Досега познатите САРС и МЕРС коронавируси не сакаат топлина, но се прилично отпорни на студ. Тие може да останат опасни дури две години на температури од минус 20 степени Целзиусови. БфР меѓутоа смирува: досега нема укажувања за ланец на инфекции со SARS-CoV-2 преку конзумирање храна, вклучително и замрзнати продукти.
Избувнувањето на КОВИД-19 има и едно добро: Кина забрани храна од диви животни. Сѐ укажува на тоа дека новиот коронавирус врз човекот е пренесен од лилјаци. Лилјаците за тоа не се виновни, зашто веројатно завршиле во супа против своја волја. Но, борбата против SARS-CoV-2 ќе трае многу подолго и ќе биде потешка од ослободувањето од храна од диви животни.
Фотографија: picture-alliance/Photoshot/H. Huan
8 фотографии1 | 8
Ова беше потврдено и од една студија на истражувачки тим предводен од Кристиан Г. Андерсен која се појави на 17 март во стручно медицинско списание „Нејчр медисин“. Како дополнителна потврда се наведува и дека работата на Институтот во Вухан не е тајна и бројни истражувања на вируси спроведени врз лилјаци се објавени во стручни медицински публикации. На многу истражувања работеле и партнери од Западот. Меѓу другото и американската Национална лабораторија Галвестон од Универзитетот во Тексас има тесни врски со научниот институт во Вухан. САД исто така и финансиски ги помагаат истражувањата, пишува британскиотДејли мејл.
Од каде потекнува првиот инфициран?
Сето ова сепак не ја исклучува можноста дека вирусот преку истражувањата на институтот во Вухан е случајно е пуштен да циркулира. Уште кон крајот на јануари во научниот магазинСајенс се појави напис кој се сомнева во тезата дека вирусот се проширил од животни на луѓе на рибниот пазар.
Една студија објавена во стручното списание Лансет дојде до сознание дека 13 од првите 41 пациент заболени од КОВИД-19 немале никаква допирна точка со рибниот пазар.
Притоа, голема е веројатноста дека инфекцијата на лицето 0, значи лицето кое прво го носело вирусот, се случила уште во ноември. Најраниот случај на заразен немал никаков контакт со рибниот пазар, нагласува и Даниел Луси, професор по инфективни болести на Медицинскиот центар на Универзитетот Џорџтаун,во едно интервју за „Сајенс“.
Од Азија кон Европа: Походот на заштитните маски против коронавирус
Прво важеа за неефикасни и збунувачки, но се‘ повеќе земји во меѓувреме воведуваат правило за носење заштитни маски против ширењето на коронавирусот. За победоносниот поход на маските, започнат во Азија.
Фотографија: picture-alliance/dpa/U. Zucchi
Ракавици, мобилен телефон, заштитна маска
Дали и во Германија ќе се воведе обврска за носење заштитна маска? По консеквентната употреба во Азија, институтот Роберт Кох препорача нејзино носење и во Германија. Јена е првиот град кој ја водведе оваа мерка, од 6 април во супермаркетите и јавниот сообраќај таму таа е задолжителна. Како заштита се прифаќа и шал или марамче на устата.
Фотографија: Imago Images/Sven Simon/F. Hoermann
Подарок за пожарникарите
Со оглед на големиот недостиг на заштитни маски, луѓето и институциите се снаоѓаат и сами. На Јутјуб и на Твитер под хаштагот „maskeauf“ многумина демонстрираат колку е едноставно да се изработи маска. Меѓу нив е и професионалната шивачка од Државниот театар Котбус, Керстин Бохов. Маските кои ги изработува оваа костимографка се наменети за пожарникарската служба и за Црвениот крст во Германија.
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Pleul
Плетени маски
Уметничката Манша Фридрих плете маски за заштита од коронавирус. Нејзините маски се украсени со мотиви на насмеани лица, животни, сонце. Внатрешната страна на маските може да се менува. Уметничката од Хановер не дозволува корона-кризата да ѝ го расипе расположението.
Чешка и Словачка се отидени чекор понапред, таму уште на средината на март е воведена обврска за носење заштитни маски. Оној кој влегува во супермаркет или градски превоз, мора да носи маска. Словачката претседателка Зузана Чапутова и премиерот Игор Матович предничат со добар пример. И Австрија во меѓувреме воведе обврска за носење маски во супермаркет.
Фотографија: Reuters/M. Svitok
Будење на пролетта во Кина
Во Кина заштитните маски одамна се задолжителни за граѓаните. Оваа двојка, без оглед на кризата со коронавирус и ригидните контроли, не сака да се откаже од романтика. Двајцата занесено танцуваат на пролетното сонце и сигурно забораваат на сите останати околу себе.
Фотографија: AFP
Израел не дозволува исклучоци
И во Израел во сила се драстични ограничувања на движењето, кои ги воведе премиерот Бенјамин Нетанјаху, а се контролирани од полицијата и од војската. Кон нив мора да се придржуваат и ортодоксните Евреи. Во квартот Меа Шерим во Ерусалим, еден вооружен полицаец му наложува на својот ултраортодоксен сограѓанин да се прибере дома.
Фотографија: picture-lliance/dpa/I. Yefimovich
Уметност во Појасот Газа
Во густо населениот Појас Газа, уметниците се обидуваат да ги мотивираат граѓаните. Во квартот Шујаија, тие украсуваат заштитни маски со различни мотиви. Владата во Појасот Газа воведе ограничување за движењето на населението и забрана за одржување на сите манифестации. И т.н. „Марш на враќањето“, кој секоја година преку масовни протести се одржува на границата кон Израел, годинава е откажан.
Фотографија: Imago Images/ZUMA Wire/A. Hasaballah
Колумбиски „силници“
Во Колумбија на маските доминираат драстични и впечатливи мотиви. Вилиците на маските на двајцата полицајци се чини се инспирирани од колосот Хулк. Хулк е главната фигура во стрипот на Стен Ли и Џек Кирби, објавен во 1962 година. Приказната за неверојатниот Хулк е адаптирана во бројни филмови и серии.
Фотографија: AFP/L. Robayo
Макрон ќе се справува со недостигот од маски
Францускиот претседател посети фабрика за производство на заштитна облека и маски во Сент-Бартоломи д‘Анжу. Стотици лекари ја критикуваат владата што не набави доволни количини заштитна облека во време на епидемијата на коронавирус, но многумина од нив сепак работат, дури и без заштита. Емануел Макрон планира потребата од заштитна опрема да ја покрие со домашно производство до крајот на годинава.
Фотографија: Getty Images/AFP/L. Venance
9 фотографии1 | 9
Има ли одговорност кај истражувачите?
Ова го отвора прашањето како вирусот стасал во Вухан. Едно можно објаснување води кон професорката за вирологија Женгли Ши , која работи на Институтот во Вухан на истражувања врз лилјаци и уште на почетокот на февруари објави стручен напис за вирусите кај лилјаци. Во дневниот весник „Јужна Кина Морнинг Пост“ на 6 февруари беше објавен нејзин портрет. Во него се опишува како таа во 28 провинции на Кина трагала по измет од лилјаци и земала проби. Во Вухан има направено голема архива за вируси од лилјаци, пишува „Спектрум/Сајентифик“. На почетокот на 2019 година со колегата објавила опширна студија за коронавируси кои се пренесуваат од лилјаци. Кај еден вид поголем лилјак нашла коронавирус кој е многу сличен на актуелниот.
Благодарение на работата на нејзиниот тим можеше толку брзо да уследи секвенционирање на вирусниот геном, тој да и’ стане познат на светската јавност и потрагата по вакцина и тестови за антитела да уследи со досега невидена брзина. Но, Женгли Ши заради тоа во изминатите месеци се најде „на тапет“ на социјалните медиуми во Азија, но и во други делови на светот. Нејзиниот колега од Њујорк, Питер Дашак, кој е претседател на Алијансата за ЕкоЗдравјеи истражуваше заедно со неа, неодамна застана во нејзина одбрана и на истражувањето.
Пет совети за подобро физичко и ментално здравје во корона-кризата
Вакцина нема, лек исто така. Експертите, во моментов, не се сигурни ни дека оние кои оздравеле од Ковид-19 се целосно заштитени од нова инфекција. Затоа е препорачливо јакнење на личниот имунитет среде пандемијата.
Фотографија: Fotolia
Здрава исхрана
Докажано е дека здравата исхрана го намалува ризикот од хронични болести како што се проблемите со циркулацијата, дијабетисот или со дебелината. Исто така, со здрава исхрана се намалува и ризикот од депресија и од анксиозност. СЗО потсетува - но тоа важи и без пандемија - дека треба да се остават алкохолот, цигарите и сите останати дроги
Фотографија: picture-alliance/dpa/V. Heinz
Добар сон
Додека спиеме, телото вредно работи: келиите се обновуваат, се отстрануваат отровите, се зацврстува помнењето. Како што покажаа истражувањата, недостатокот на сон влијае не само на физичката состојба, туку и на психичката. Недостатокот на сон нѐ прави поподложни на хронични болести. На поголемот број луѓе им се доволни 6 до 9 часа сон, но важно е да се спие во одреден ритам.
Фотографија: Colourbox
Движење и вежбање
Движењето го исполнува телото со „хормоните на среќа“. Тоа овозможува подобро спиење, ги намалува стресот и стравовите, го зајакнува помнењето. Движење и спорт, па макар и дома - најмалку 30 минути дневно. Тренерите велат дека не важно како ќе ги поделите тие минимални 30 минути - можеби по 10 минути наутро, напладне и навечер? Кога можете излезете на свеж воздух.
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. pedersen
Одржување на контактите
Пријателите во овој период на социјална изолација поради коронавирусот се поважни од кога било. Социјалните мрежи се докажано добри за здравјето. Бидејќи излегувањата и собирите сега не се можни, речиси сѐ се одвива на интернет. Но, подобро така отколку никако.
Изолацијата можеби е шанса да се заборави на светот и на надворешните вести. Размислите, што сакате веќе подолго да направите но никако не стигнувате? Нешто во градината, да испробате нов рецепт, да научите да плетете, да прочитате некоја книга која веќе подолго ве гледа обвинувачки од полицата? Сега е идеално време за тоа.
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Kalaene
5 фотографии1 | 5
Во интервју за емисијата „Демокраси нау” на Нешнл паблик радио, јавен радиодифузен сервис во САД, Дашак рече дека тврдењето оти вирусот произлегол од лабораторија било „чиста бесмислица“. Тој самиот учествувал во прибирањето примероци од лилјаците, а во лабораторија не биле чувани вируси од САРС- КоВ-2.
Се работело за „несреќно политизирање на изворот на пандемијата”.
Се чини дека Пекинг од неодамна го има ограничено известувањето околу прашањето од каде потекнува вирусот. Кинеската амбасада во Лондон реагираше на текстот на Дејли мејл: тврдењата биле „без основа”. Истражувањата за наоѓање на изворот на Ковид-19 се“ уште биле во полн ек, се вели во ставот на амбасадата.