1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дали Словачка ќе го затвори чадорот за спас?

6 октомври 2011

Дали европскиот чадор за спас ќе пропадне? Се’ поизвесно е дека парламентот во Братислава ќе гласа против финансиската помош.

Symbolbild Euro Rettungsschirm
Фотографија: picture-alliance/dpa

Премиерот на Словачка Ивета Радикова нема поддршка од мнозинството парламентарци за европскиот чадор за спас, смета шефот на коалициониот партнер во владата Партијата на Унгарците, Бела Бугар. „Компромисниот предлог на премерот не е прифатен. Преговорите продолжуваат“.

Единствено што е сигурно е терминот за гласање во парламентот. На 11 октомври, односно пред наредниот самит на ЕУ, треба да падне одлуката во Братислава. По вчерашната седница на владиниот кабинет, никој од владата не сакаше да излезе во јавност, само водачот на опозицијата Роберт Фицо необичаено јасно порача: „На 11 октомври мојата партија нема да гласа за спасувачкиот чадор. За да нема сомневања повторувам уште еднаш за г-дин Сулик. Во вторник на 11 октомври, Социјалдемократите нема да гласаат за спасувачкиот чадор.“

Со ова паѓаат во вода надежите, со гласовите на опозицијата да се обезбеди мнозинство во парламентот за спасувачкиот чадор. На потег се партиите од власта, меѓутоа таму нема никакво продолжување. Неолиберланиот коалиционен партнер САС, останува на своето „не“.

Решение кое би било прифатливо за словачките даночни обврзници и за кое жестоко се дискутира зад кулиси во Братислава е Словачка да го одобри европскиот пакет, меѓутоа да биде исклучена од евентуални исплати за Грција. Ваков политички покер со Брисел би бил прифатлив и за Рихард Сулик и ќе овозможи централно десничарската влада да преживее.

Автор: Штефан Хајнлајн/ Александра Трајковска  

Редактор: Симе Недевски

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми