1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Премии за вакцинација: теорија и пракса

БЈ/ДВ | агенции
10 мај 2021

Американски компании ги наградуваат вработени кои се вакцинираат со пиво, крофни, па дури и со џоинт. Компаниите во Германија се воздржани. Стручњаци тврдат дека вакцинацијата има економска вредност од 1500 евра по лице.

Cashback - Bargeld im Supermarkt abheben
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Nolte

Синџирот на супермаркети Едека Норд неодамна се најде на насловните страници ширум земјата како прва компанија во Германија која на своите вработени им понудила вауќер од 50 евра доколку се вакцинираат со некоја од одбрените вакцини и под услов да спаѓаат во соодветните приоритетни групи.

Реакциите на вработените беа позитивни, изјави портпаролот на компанијата за јавниот сервис Тагесшау. И ланецот маркети Реве размислува за можноста на финансиски поттик за вработените кои се вакцинираат, за што моментално се водат преговири со работничкиот совет на компанијата, вели портпаролот на Реве.

Алди и Лидл во САД даваат премии, а во Германија не

Од друга страна има и такви кои нерадо даваат финансиски поттик за вработените да се вакцинираат. „Секој вработен може сам да одлучи дали сака да се вакцинира или не", нагласуваат од Алди Норд. „Вакцинацијата е доброволна“. 

Но, истиот дисконт по тоа прашање е многу поактивен во САД. Таму на вработените кои одат да се вакцинираат им исплатува хонорар за два часа за да не мора да избираат меѓу платата и здравјето.

Повеќе: Германија: Од недела - олеснувања за вакцинираните и оздравените

И Лидл ги наградува своите вработени во американските филијали со 200 долари. Од дисконтот нагласуваат дека парите се наменети за да им ги покријат трошоците за пат до местото на вакцинацијата.

САД: бесплатно пиво, крофни и џоинти

Наградите за вакцинација се широко распространета појава во САД, не само во малопродажбата, туку и во други гранки. Некои компании премиите за вакцинација ги користат за маркетиншки цели. На пример ланецот за продажба на крофни „Криспи Крем” на оние кои ќе приложат доказ дека се вакцинирани им дава бесплатно по една глазирана крофна дневно. Авиокомпании како Американ Ерлајнс на своите вработени им даваат слободен ден и 50 бодови за префрлање во авионски милји.

Повеќе: ЕУ размислува да ги отвори границите за вакцинираните патници

Амазон дава на целосно имунизираните вработени кои се во близок контакт со клиентите по 80 долари. А, Мекдоналдс на своите вакцинирани вработени им плаќа дополнителни 4 часа. Граѓаните на Њу Џерси кои примиле прва доза во одбрани пивари може да добијат бесплатно пиво. Во Њујорк оние кои прв пат се вакцинирале може да користат бесплатен џоинт. Необичната премија е во организација на активисти кои помогнаа да се легализира канабисот во градот. Тоа што се случува во земјата на неограничените можности во Германија наидува на скепса. Здруженијата се воздржани. На крајот самите компании одлучуваат дали и во која форма сакаат да даваат награди, нагласува Здружението за малопродажба ХДЕ за Тагесшау.

САД: Вакцинација со „турбо“ брзина

02:41

This browser does not support the video element.

Германските гиганти и синдикатите велат – не

Во истражувањето кое го спроведе весникот „Ханделсблат" сите 30 компании кои котираат на германската берза одбиле да плаќаат премија за вакцинација, меѓу другото  и затоа што не сакаат да прават притисок врз колегите. А, производителот на мотори МТУ страхува дека таквите поттици би можеле да ја турнат во втор план личната одговорност за превентивни здравствени мерки. Особено синдикатите се противат на парични награди во компаниите. Ако вработените имаат сомнежи во вакцините, политичарите треба таквите сомнеќи да ги отстранат, рече секретарот на синадикатот „Вер.ди”, Орхан Акман за „Зидојче цајтунг" кон крајот на март.

Повеќе: Фотографија на денот: „Паѓаат маските“ за вакцинираните во САД

Наместо премии за вакцинација, Акман се залага за разумни плати и колективни договори за касиерите. Сега е смислено на вработените во малопродажба “небирократски да им се понуди вакцинација во близина на работното место за да се обезбеди дека не мора да земаат дополнителен одмор за таа намена", посочува Акман за Тагесшау. Работничките совети во компаниите исто така се плашат дека премиите би можеле да го нарушта мирот во компнаиите и да предизвикаат завист.

Експертите се поделени

Научниците не се согласни околу корисноста од делење премии за вакцини. Нора Шех, професорка по политичка економија на Технолошкиот Институт во Карлсруе, (КИТ), ги поздравува активностите за поттикнување на оние кои се подготвени да се вакцинираат. За неа премиите се и компензација за времето вложено во вакцинација. Од друга страна, други бихејвиорални економисти веруваат дека премиите може да поттикнат недоверба, па дури и негативно да влијаат врз мотивацијата на луѓето да се вакцинираат.

Филип Шпренгхолц, докторант на Универзитетот во Ерфурт сакаше и самиот да се увери како стојат работите. Тој и неговиот тим спроведоа студија во која неколку испитаници добија од 25 до 200 евра за вакцинација.

Резултатот гласи: финансиската награда не ја зголеми подготвеноста за вакцинација. Оттука студијата е насловена како „Не е се во парите!“. Подготвеноста за вакцинација се зголемува само за неколку проценти и тоа доколку премијата е над 1000 евра.

„Прашање е дали економски е исплатливо да се плаќаат толку големи износи,“ вели Шпренхолц.

Се зависи од висината на премијата

Професорката Шех има сосем други видувања. Во поопсежна студија со над 1000 испитаници во САД, таа открила дека паричната награда сепак има влијание – но, само ако е над износ од 100 евра. „Премијата помага, но само ако е доволно висока,“ вели таа.

Ако е премала, тогаш повеќе штети отколку што помага. Подготвеноста за вакцинација дури опаѓа кога граѓаните добиваат само 20 долари за два пати да бидат боцнати. А, доколку им се нудат 100 долари во комбинација со фиксен термин за вакцинација, 80% од испитаниците сакаат да се вакцинираат. Кога им се нудат 500 долари, тогаш „желбата“ за вакцинација расте на околу 90%. Професорката Шех е цврсто уверена дека и во Германија се почесто ќе се исплаќаат премии за вакцинација. Пред се тоа може да дојде в предвид во болниците и старечките домови. Таа при тоа се повикува на познатиот Институт ИФО кој економската вредност на вакцинацијата ја проценува на 1500 евра по лице. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми