1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Стил на живот

Дали сте за Октоберфест? Секако!

Даниел Хајнрих
22 септември 2018

Денеска во Минхен беше отворен 185. Октоберфест. Покрај специјално за настанот формираните служби за одржување на хигиената и астрономско високите цени на пивоот, фестивалот го одликуваат и строгите безбедносни прописи.

BG Do's & Dont's auf dem Oktoberfest
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Gebert

На одбројувањето му дојде крај, денеска (22.09), точно напладне, градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер, го отвори најголемиот народен фестивал на светот со традиционалното точење пиво од првото буренце. Последните подготовки се во тек, а беше претставен и безбедносниот концепт за 16-дневниот настан. Главните точки се лесно разбирливи, како на пример ограда околу просторот на кој се одржува фестивалот, контроли при влез и полицајци опремени со боди-камери, како и засилен видео надзор. Забраната за поголеми чанти и ранци важи и оваа година, како и забраната за надлетување на просторот со дронови. Ќе бидат ангажирани околу 600 полицајци. Меѓу нив за првпат ќе има и т.н. супер-препознавачи, односно полицајци кои особено добро препознаваат ликови, подобро од кој било софтвер, за да откријат евентуални злосторници меѓу посетителите.

Годинава има 16 големи шатори за посетителитеФотографија: picture-alliance/imageBROKER/M. Siepmann

Се очекува голема посетеност

И оваа година ќе има доволно ликови за гледање, со оглед на тоа дека се очекуваат околу 6 милиони посетители. Четири големи производители на пиво од Баварија поставуваат 16 големи шатори, а покрај тоа ќе има и 120.000 места за седење. Според податоците на властите, изминатите години приходите од фестивалот се движеле во просек по околу една милијарда евра. За Минхен ваквиот бизнис има заземено толку важно место, што градот неодамна поимот "Wiesn" („Ливадата” на која се одржува Октоберфест, н.з.) го заштити како бренд во цела Европа. Така сакаат да спречат злоупотреба на веќе препознатливиот поим. Особено викендите, но и кога е убаво времето, навечер некои од шаторите се толку полни со народ, што никој веќе не може да добие дозвола за влез. За да се менаџира полесно напливот на луѓе, градот на трамвајските и метро-станиците има поставено монитори на кои ќе бидат објавувани информации за бројот на посетители на целиот простор и во поединечните шатори.

Сојузната полиција дава голем придонес за канализирањето на масата луѓе. Полицајците пак се потпираат и на социјалните медиуми, под хаштагот #SicherZurWiesn, односно #БезбедноДоЛивадата тие уште од 2105 година објавуваат совети за безбедност при доаѓањето и заминувањето на гостите и информираат за мерките што ги преземаат.

Официјалната кригла за пиво на овогодишниот ОктоберфестФотографија: picture-alliance/dpa/M. Balk

Цената на пивото урива рекорди

Дури ни астрономско високите цени на пивото веројатно нема да сменат ништо на големата заинтересираност за настанот. Литар пиво за првпат ќе се продава по рекордна цена од повеќе од 11 евра. Во споредба со минатата година, тоа е пораст за 3,6 проценти.

Шефот на фестивалот Јозеф Шмид од ЦДУ го критикуваше таквиот пораст на цените. Тој стравува дека Октоберфест за многу луѓе ќе стане прескап и вели дека имало „сѐ повеќе луѓе кои не доаѓаат заради високите цени“. Шмид е прилично осамен со таквиот став. Во градскиот совет на Минхен не успеа неговата иницијатива за намалување на цената на пивото.

Колку Германците навистина сакаат пиво?

03:07

This browser does not support the video element.

Сепак, тој беше успешен со друго барање: и оваа година ќе има специјална телефонска линија за одржување на хигиената на просторот, наменета за жителите од околината. За цело времетраење на фестивалот од 8 до 16 часот ќе има мобилна служба за хигиена и апарати за чистење кои жителите ќе може да ги повикаат по телефон. Шмид со тоа им излегува во пресрет на молбите на жителите од околната населба Терезиенвизе, кои постојано се жалеа дека посетителите на Октоберфест им ги валкаат приватните поседи или влезовите на домовите. „На жителите од околината за времетраењето на фестивалот им се потребни нерви и трпение, за жал и заради однесувањето на гостите надвор од просторот каде се одржува фестивалот. Можеме да ја разбереме лутината на жителите поради валкањето на приватните имоти.“

Валканите тротоари се решаваат со сервис за чистење, безбедносните задршки со масовно присуство на полицијата, а превисоките цени на пивото со игнорирање. Ништо веќе не го попречува традициналното отворање од страна на градоначалникот на Минхен. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми