Медиумите известуваат дека Доналд Трамп лично го диктирал збунувачкиот стејтмент на својот син во врска со неговите руски контакти. Дали тоа укажува на директно вмешување на американскиот претседател во аферата?
Реклама
По обелоденувањето на средбата меѓу Доналд Трамп Јуниор и руската адвокатка Наталија Веселницкаја, најстариот син на американскиот претседател објави еден контроверзен стејтмент. Во него се вели дека Трамп Јуниор, поранешниот шеф на изборниот штаб, Пол Менефорт и зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер „првенствено зборувале околу програмата за посвојување руски деца“, што во тоа време воопшто не било тема во изборната кампања. „Вашингтон пост“ сега јавува дека овој стејтмент го диктирал лично Трамп Сениор, а го формулирал на 8.јули, во авионот Ер Форс на враќањето од самитот Г20 во Хамбург. Американските новинари притоа се повикуваат на вашингтонски владини кругови. Бризантноста на извештајот е во тоа што првпат имплицира директно вмешување на Трамп и негов обид за искривување на работите.
Еден од адвокатите на семејството Трамп, Џеј Секулов, решително го отфрли извештајот на весникот „Вашингтон пост“ како неадекватен и во основа базиран врз погрешни информации.
Пред две недели, по објавувањето на стејтментот на Трамп Јуниор, притисокот врз синот на претседателот порасна до тој степен, што тој објави серија имејли, од кои произлегува дека тој на средбата со руската адвокатка не разговарал само околу програмата за посвојување, туку во фокусот му била желбата да дојде до компромитирачки материјал за тогашната претседателска кандидатка и ривалка на неговиот татко, Хилари Клинтон.
Електронската пошта се смета за прв конкретен доказ дека членови на изборниот тим на Трамп можеби биле подготвени да соработуваат со Русија, но сепак не нуди конкретни докази за тајни разговори меѓу таборот на Трамп и Москва.
Американските тајни служби ја обвинуваат Москва дека стои зад нападите врз електронските конта на Демократската партија и на тој начин за вршење обид за влијаење врз претседателската изборна кампања во корист на Трамп, наштетувајќи ѝ на Клинтон. Специјален обвинител треба да ги испита овие обвинувања, а со евентуалната координација на Русија со изборниот штаб на Трамп се занимаваат и неколку комисии во Конгресот.
Карикатури за Трамп: Кога смеата е единствена утеха
Карикатуристи од целиот свет реагираат на победата на Трамп
Фотографија: L. Gäbel
Сексуален напад
Карикатурата на хамбуршкиот уметник Ленарт Гебел го обиколи светот за кратко време. Една агенција од Лос Анџелес поажа интерес за печатење на неговото дело на маици. Уметникот е среќен поради успехот и е сигурен дека и во иднина Трамп „ќе си дозволи“ одредени работи кои ќе послужат како мотив за него и останатите колеги од целиот свет.
Фотографија: L. Gäbel
Фризура број еден
Косата на следниот претседател на САД беше инспирација за многу шеги. Пред неколку месеци во јавноста излезе видео на кое е прикажана „фармата на Трамп“ за перики. Всушност, стануваше збор за поле со сено во Норвешка. Косата на Трамп исто така добро стои и на кокпитот на претседателскиот авион.
Фотографија: Twitter/@Knightcartoons
Африканска перспектива
„Имајќи ја предвид омразата на Доналд Трамп кон црнците ќе ја напуштиме земјата. Тој може да прави што сака со неа“ вели оваа карикатура од Абдулкарим Баба Амину, познат културен критичар, новинар и илустратор од Нигерија.
Фотографија: DW/Abdulkareem Baba Aminu
Дамата Слобода чука на вратата на Канада
Во паника и со загрижен поглед во очите, „Дамата Слобода“ чука на вратата на соседот - Канада. Карикатуристот Угрек ја црташе симбиличната фигура во многу различни анти Трамп карикатури.
Фотографија: Twitter/@ygreck
Без религиски бариери
Карикатуристот Гадо е еден од најпознатите илустратори во Африка. Тој во својата карикатура се осврнува на едно од ветувањата на Трамп во предизборната кампања кое гласеше: „Ветувам дека ќе го зачувам христијанството“. На карикатурата е прикажано како тој распнува муслиман на крст.
Секој може да биде претседател
Белгискиот артист Лектр креираше многу различни карикатури за Трамп. Оваа покажува дека за 8 години, идејата дека „Секој може да биде претседател“ се смени од оптимистичка мисла во причина за очај кај многумина.
Фотографија: Twitter/@lectrr
Агресивни графити
Погрдно претставување на Трамп веќе може да се забележи во Барселона. Шпанија, исто така, беше шокирана од неочекувааниот успех на републиканскиот кандидат „Невидената популарност и избирањето на њујоршкиот магнат ја остави половина планета без зборови“, напиша колумнист за шпанскиот весник Еј Пај.
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Lago
Куп од измет
Куп од измет околу кој кружат муви. На овој начин уличниот уметник Хенски го доживеа претседателскиот кандидат Донaлд Трамп уште пред да биде номиниран од републиканците. „Портретот“ од август 2015 година беше исцртан на ѕид од еден познат трговски центар во Њујорк.
Фотографија: picture-alliance/abaca/Van Tine Dennis