1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дали уставот на Авганистан има иднина?

5 јануари 2004
Големиот совет и племенско собрание во Авганистан, Лоја Џирга, го донесе новиот устав на земјата. Земјата, според него, треба да остане "Исламска Република", но истовремено, како што бара западот, мора принципиелно демократски да функционира. Жените се формално рамноправни, а претседателот треба да биде силен во една земја во чии провинции фактички, и натаму, владеат господарите на војната и други регионални "шефови". Дали таков модел може да функционира?Дали тој има иднина? Пред речиси 40 години, тогашниот крал во Авганистан, предложи устав кој во основите е сличен на она, на што сега благослов му дадоа делегатите на Лоја Џирга, по три недели делумно мачни преговори во Кабул. Останува надежта дека сега може да биде постигнато тоа што требаше да биде остварено уште тогаш - оваа богата со традиција земја на Хиндукуш да најде приклучок кон надворешниот свет, без притоа да се откаже од самата себеси. Авганистан ќе остане "Исламска Република", но со низа модификации, за да не постои опасност од враќање кон средновековните времиња на Талибанците. Кој очекуваше повеќе, тој не ги познава реалностите во Авганистан и ја игнорира неопходноста дека една ваква земја мора самата да си најде подобра иднина, која нема да биде пропишана однадвор. Тоа под советска окупација не функционираше, и нема да функционира ниту сега, кога САД во Авганистан владеат зад сцената. Две години по падот на талибанскиот режим согласноста околу уставот го отвора патот. Нема место за преран оптимизам, зашто многу од работите стојат само на хартија и допрва треба да се тестираат и докажат во стварноста, како на пример рамноправноста на жените. Таа и натаму, во големи делови на авганистанското општество, е фикција, и за тоа да се промени ќе биде потребно сигурно многу повеќе од еден параграф во уставот. Како опасна пречка за примена на уставот, многу бргу може да се покаже тоа што помалку се нагласува единството, отколку разноликоста на Авганистанците. Така, покрај Дари и Пашту, двата досега главни јазици во земјата, се признаваат и други јазици. Узбеците и Туркменците од тоа профитираат, но тоа има помалку културна, а повеќе политичка причина, зашто на тој начин се поткрепува претставата за власт на регионалните моќници. А, таа претстава, секогаш беше главна пречка на патот до единствена држава која има централна влада што добро функционира. Од овој идеал, Авганистан ќе биде оддалечен уште некое време. Можеби зашто така било отсекогаш, но можеби и поради тоа што уставот не се обиде да стави крај на досегашната состојба. И, се разбира, поради тоа што земјата воопшто не е смирена, Само со устав, не може да се истера духот на Талибанците, ниту пак духот на повторно засилените лидери - муџахедини.За такво нешто е потребна силна централна влада. Такво нешто му треба на Авганистан. Ова не е демократија во западна смисла, но е сепак напредок. Земјите од Блискиот исток, рече еднаш еден британски познавач на регионот, не можат директно да преминат во демократија. Ним им епотребен меѓустепен на владеење на еден "хуман автократ". Со малку среќа, Авганистан сега го достигна ова ниво.
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми