1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дали Хрватите во Босна и Херцеговина се дијаспора?

26 ноември 2007

Парламентарните избори во Хрватска се темa во германските дневни весници. Дел од нив пишуваат и за влијанието на босанските хрвати врз политиката во Загреб. За ХДЗ тие се дијаспора, но Социјалдемократите сметаaт поинаку

Фотографија: dpa

Весникот „Зидојче Цајтунг„ во текстот за изборите во Хрватска пишува дека победникот може да го одредат гласовите од дијаспората. Во прв план се ставаат босанските хрвати за кои се разви дискусија од која произлезе прашањето: Дали навистина тие се дијаспора? Во коментарот натаму читаме:

„ За социјалдемократите тие не се дијаспора туку конститутивен народ на БиХ. Леволибералните политичари се против влијанието на хрватите од Босна врз формирањето на влада во Загреб. Таа привилегија им ја даде поранешниот хрватски претседател Фрањо Туѓман кога во деведесетите години заедно со српските нациоаналисти планираше поделба на Босна. За разлика од новиот лидер на Социјалдемократите Зоран Милановиќ, кој своите собири не ги држеше во БиХ, премиерот Иво Санадер од ХДЗ, осетно ја зголеми финансиската помош за хрватите во Херцеговина. Во урбаните центри во Хрватска нивните роднини од Херцеговина се неомилени. По војната озлогласеното херцеговачко лоби ја контролира политиката, економијата и многу често и самото подземје. Нивното влијание ја отежнува интеграцијата на земјата во ЕУ, закључува во коментарот весникот „Зидојче Цајтунг„

Весникот „Дер Шпигел„ во текстот под наслов „Грижа за Балканот„ пишува за загриженоста на шефовите на дипломатиите на ЕУ дека еднострано прогласената независност на Косово би можела да предизвика верижна реакција во БиХ, односно дека истото би можела да го стори Република Српска. Во текстот пишува:

„ ЕУ го запре намалувањето на силите во БиХ. Заради напнатата ситуација, германскиот Бундесвер, кој во Босна е присутен со 300 војници, на Косово испрати дополнителен батаљон војници. Авторот на текстот пишува дека целта е вежба. Овие војници, доколку биде потребно би можеле да делуваат и во Босна. Во исто време Италија и Велика Британија ги држат своите сили во состојба на готовност за да можат да интервенираат за само неколку денови„ пишува во текстот во весникот „ Дер Шпигел„


Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми