1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Даночната реформа на Трамп е осудена на неуспех

Миодраг Шориќ
27 април 2017

Многу американци гласаа за Трамп откако им вети дека ќе ги намали даноците. Сега претседателот се обидува да го исполни ветувањето. Миодраг Шориќ не верува дека ќе успее во тоа.

US-Dollarnoten
Фотографија: imago/Winfried Rothermel

Едноставна даночна реформа не е можна за Доналд Трамп. Таа мора да биде „најголемата во историјата на Америка“. Ништо помалку, или воопшто нема да ја спроведува. Последниот претседател кој конечно успеа да истурка целосна даночна реформа низ Конгресот беше Роналд Реган пред 30 години. Сите неговите наследници се обидоа да го сторат истото и не успеаја. Сега Трамп сака да убеди јасно мнозинство пратеници да се согласат на неговиот предлог закон.

Пред заминувањето на првите 100 дена на неговата администрација, тој сака да го „надмине“ својот идол, Реган. Но Реган знаеше како да ги придобие луѓето. А во вториот мандат, успеа да направи компромис со политичката опозиција, и да формира коалиции. Тоа е точно она за што Трамп не е способен. Тој поларизира- дури и во сопствената партија. Оттука, малку ќе остане од неговата даночна реформа. Вреди ли воопшто да се анализира?

Никој ништо не знае!

И да и не. Да, бидејќи Доналд Трамп беше избран првенствено затоа што многу американци му даваа висока оценка за економска компетентност и веруваа во ветувањето дека ќе ги намали даноците. Не, бидејќи дури и министерот за финансии Стивен Мнучин не може да каже било каков детаљ за реформата соочен со критични прашања. На пример, на кој начин ќе се финансира огромното даночно олеснување? Наместо детаљи, администрацијата ветува дека „сите американци“ ќе имаат корист од реформата. Тие предвидуваат силен економски раст; и земја во која едноставно сѐ ќе биде подобро од порано.

Миодраг Шориќ

Реакциите на најавената даночна реформа се особено значајни. Демократите ја отфрлија без размислување. Но дури и некои Републиканци се скептични. Во принцип, тие се залагаат за поедноставен даночен систем, помалку бирократија, и исполнување на изборните ветувања. Кој би бил против тоа? Но конзервативните законодавци исто така сакаат да знаат детали пред да се согласат. За да бидат повторно избрани, тие мора да ги заштитат интересите на своите поддржувачи и индустријата во своите региони. Во моментов не се подготвени да прифатат таков ризик.

Многу сенатори и конгресмени во изминативе недели видоа што се случи со големата најава за здравствени реформи на претседателот: едно големо ништо. Политичката волја на републиканците да ја укинат Обамакер постоеше- како и убеденоста дека тоа може да се постигне со мнозинство во Конгресот. Но кога стана густо- поддршката исчезна.
Даночната реформа на Трамп е соочена со слична судбина во следните месеци.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми