1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Данска и короната: Слобода, па повторно рестрикции

Рајнхард Клебер
9 ноември 2021

Поради растечкиот број на инфицирани со коронавирус, данската влада повторно воведува ограничувања на јавниот живот во земјата. Премиерката Фредериксен изјави дека е неопходно повторно воведување на корона-пасош.

Dänemark | Kampf gegen Covid-19
Фотографија: Francis Joseph Dean/Dean Pictures /imago images

Повторното воведување на корона-пасошот во Данска ќе значи дека гастрономијата и одредени манифестации ќе им бидат достапни само на вакцинираните, оздравените или лицата со негативен тест. Повторното воведување на ова правило го предложила комисија од епидемиолози и владата го следи нивниот совет, објави данската премиерка Мете Фредериксен во Копенхаген. Причина за ваквата одлука е големиот пораст на бројот на новоинфицирани со коронавирус. На препорака на епидемиолозите, освен тоа, Ковид-19 повторно е категоризиран како „закана за општеството“, соопшти Фредериксен.

Фредериксен: Зголемениот број на заразени се должи на „мала група“ граѓани кои не се придржуваат до правилатаФотографија: Ólafur Steinar Rye Gestsso/Ritzau Scanpix/AP/picture alliance

Данската влада има намера денеска да ги поднесе во парламентот предлозите на епидемиолозите. Тие би можеле да бидат применувани сѐ до моментот додека мнозинството во експертското тело не се изјасни против мерките.

Данска ги укина и последните корона-рестрикции на 10 септември. Владата тогаш објаснуваше дека мерките се укинуваат поради високиот број вакцинирани лица и тврдеше дека пандемијата е под контрола. Меѓутоа, од средината на октомври бројките повторно многу се зголемуваат. Вчера (8.11) властите соопштија дека петти ден по ред има повеќе од 2000 новоинфицирани во земјата со околу 5,8 милиони жители. Во данските болници вчера имало 303 пациенти со Ковид-19, односно 21 повеќе од денот пред тоа. што претставува највисок број од февруари годинава досега.

Премиерката Фредериксен соопшти дека здравствените власти сметаат со натамошно зголемување на бројот на инфицирани, со што „ќе се зголеми оптовареноста на болниците“. Според неа, зголемениот број на заразени се должи на „мала група“ граѓани кои не се придржуваат до правилата.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми