1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Данска постепено ги отвора градинките и училиштата

СН/агенции
15 април 2020

Веќе денеска десетици илјади дански деца повторно тргнаа на училиште и во градинка. Дали данскиот начин за справување со коронавирусот е добар пример и за другите земји?

Symbolbild Lernen
Фотографија: Sean Gallup/Getty Images

Данска со повторното отворање на училишните установи и на градинките внимателно се обидува да ги намали мерките воведени поради пандемијата со коронавирусот. По еден месец од нивното затворање, од денеска, покрај јаслите и градинките, повторно ќе почнат со работа училиштата до петто одделение, пишува германската новинска агенција ДПА. 

Данска прилично рано, по првите регистрирани инфекции, реагираше со воведување строги мерки насочени против ширењето на коронавирусот. Владата на премиерот Метеа Фредериксен уште на 14 март ги затвори границите, вклучувајќи ја и онаа кон соседна Германија. Веќе со недели се затворени рестораните, кафулињата, пабовите, театрите и други објекти во кои граѓаните го поминуваа своето слободно време. Фредериксен траењето на овие мерки, пред повеќе од 7 дена, ги продолжи до 10 мај. Собирите со над 10 лица и натаму се забранети, а одржувањето на манифестации, концерти, спортски натпревари и масовни собирања се одложени до крајот на август. На патот кон постепено враќање во нормалност првите чекори ќе ги направат најмладите припадници во данското општество.

Строги услови

Сепак, нема да може веднаш да бидат отворени сите градинки и училишта, бидејќи за тоа мораат да се исполнат одредени услови.

Некои од строгите правила за овој чекор се: во градинките мора да се обезбедат 6 квадратни метри простор за секое дете, а во училиштата 4 квадратни метри и нивните места за клупите требаат да бидат одалечени една од друга по 2 метра, додека во дворовите и надвор од училниците децата треба да бидат во групи најмногу до пет. 

Повеќе:

-Олабавување на рестрикциите во Австрија

-Корона: Германската академија на науки со препораки за ублажување на мерките чекор по чекор

-Специјалниот пат на Шведска во кризата со коронавирусот

 

Забрането е учениците да си делат меѓусебно храна и слатки, а најмалку во рок од два часа за време на престојот во училиштата мораат да ги мијат рацете. Играчките, тоалетите, клупите, кваките и прекинувачите мораат да се чистат и да се дезинфицираат барем двапати дневно.

Врз основа на спроведените истражувања, речиси половина од сите дански општини веќе денеска ги отвораат вратите на првите установи кои може да се придржуваат до предвидените прописи. Сите останати, најдоцна до понеделник сакаат да се приклучат кон овој процес на враќање на Данците во нормалното секојдневие. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми