1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Детска анимирана серија ја подели Данска

ДТЗ /ДВ
12 јануари 2021

Емисија наменета за деца на возраст од 4 до 8 години, во која главен лик е анимиран човек со бесконечно долг пенис, длабоко го подели јавното мислење во Данска.

Kampf gegen sexuelle Belästigung und Dickpics
Фотографија: Axel Bueckert/Zoonar/picture alliance

Данска анимирана серија за деца за човек со суперсила и бесконечно долг пенис го подели мислењето меѓу родителите и политичарите во Данска. Емисијата „Џон Дилерманд“ (на македонски Џон Пенисовски) се емитуваше на државниот радиодифузер од крајот на декември. Во претставата се појавува анимиран човек од глина во црвено-бела облека, со продолжен  - понекогаш корисен, понекогаш надвор од контрола, но сепак целосно облечен - пенис.
Дури и во далеку познатата прогресивна Данска, не се сите задоволни. Некои Данци на социјалните мрежи ја критикуваа емисијата, нарекувајќи ја „одвратна“ и „под стандардите“. Други ја нарекуваат „смешна“ и „безопасна“. Интересно е што станува збор за емисија којашто е наменета за деца на возраст од 4 до 8 години.
„Дали јас сум единствениот што смета дека е за осуда што на децата треба да им биде забавно да гледаат пениси на ДР?, напиша на Твитер, Мортен Месершмит, пратеник на конзервативната Данска партија на народот. 


Писателката Ана Лисе Марстранд-Јоргенсен праша дали емисијата е „навистина пораката што сакаме да им ја испратиме на децата, во време кога сме среде огромен #metoo бран?“. Станува збор за социјално движење наречено #metoo против сексуална злоупотреба во светот. 
Во ТВ-емисијата, пенисот се фаќа на вратата од автобус, држи балони додека ликот од анимираниот филм лета нагоре во воздухот и се користи и како ротор на хеликоптер и како камшик за да се скроти лав.
Државниот радиодифузер вели дека емисијата има за цел да ја разбуди љубопитноста кај децата за нивните тела, вклучувајќи ги и деловите коишто би можеле да ги сметаат за срамотни, преку лик кој е возрасен и истовремено и детски, со необично тело.
„Малите деца уживаат да бидат голи и да се истражуваат себеси. Тие играат дека се лекари, се прегледуваат едни со други и сакаат безобразни изрази“, вели Маргарет Брун Хансен, психолог за деца која што била консултирана при изработката на шоуто.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми