Данска – тероризам - апсења
5 септември 2007Реклама
По вчерашната успешна рација, шефот на данската тајна полиција Јакоб Шарф соопшти дека биле уапсени вкупно осум лица, осомничени за подготвување терористички напади. Тие, според достапните информации, одржувале врски со терористичката мрежа на Ал Каеда. Станува збор за лица на возраст меѓу 19 и 29 години, кои веќе подолго време планирале терористички напади. Шестмина од нив имаат данско државјанство, а потекнуваат од Авганистан, Пакистан, Сомалија и Турција. При координираната акција на полицијата во главниот град Копенхаген, било пронајдено и одредено количество експлозив.