1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Датумот за преговори на Србија со ЕУ врзан за Косово

12 октомври 2011

Европската комисија денеска предложи Србија да добие статус на кандидат за членство во ЕУ, заклучувајќи дека „Србија е подготвена“, но стави до знаење дека преговори ќе почнат откако ќе напредне дијалогот со Приштина.

Фотографија: AP/Montage DW

Во мислењето на Европската комисија за напредокот на Србија кон ЕУ, се вели дека земјата ќе биде подготвена да ги почне преговорите за членство кога „ќе дојде до вистински напредок“ во дијалогот Белград-Приштина.

Висок претставник на Европската комисија за агенцијата Бета изјави дека тоа значи оти „Европската комисија предлага Србија да добие статус на кандидат за членство во ЕУ, со разбирање дека ќе биде обновен дијалогот со Косово и во добра мерка ќе бидат применети досегашните договори во дијалогот“.

Неименуваниот висок претставник на ЕК додадава дека „датумот на почеток на преговори е практично исклучиво врзан со напредокот во дијалогот и опипливите чекори во средување на состојбите на северот на Косово“. Европската комисија, според неговите зборови, „за тоа ќе го известува Советот на министри на ЕУ, кој во секоја фаза може да даде заклучок за исполнување на тие услови и можен почеток на преговори“ со Белград.

Автор: ЕМФ/бета

Редактор: Б.Георгиевски

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми