1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Датумот за Скопје и Тирана во фокусот на Загреб

СН/агенции
14 јануари 2020

Хрватска сака југоисточното проширување на ЕУ да го стави во фокусот на своето претседателствување со ЕУ, порача во Стразбур премиерот Андреј Пленковиќ. Следните 6 месеци ќе бидат клучни за односите ЕУ-Западен Балкан...

EVP Kongress in Zagreb
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Vojinovic

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, денеска на претставувањето на програмата на хрватското преседателство со ЕУ во наредните шест месеци изјави дека очекува самитот ЕУ-Западен Балкан, планиран во мај 2020 година во Загреб, да испрати јасна порака оти со исполнување на условите и со реформите, земјите од регионот се добредојдени во ЕУ. „Крајна цел на преговорите мора да биде пристапување во ЕУ. Тоа е фокусот на политиката за проширување“, истакна Пленковиќ.

Премиерот, претставувајќи ги задачите на хрватското преседавање со Советот на ЕУ во наредните 6 месеци, пред европските пратеници во Стразбур објасни дека организацијата на самитот ЕУ-Западен Балкан во Загреб и отворањето на преговорите со С. Македонија и со Албанија ќе биде една од приоритетните работи на Хрватска. „Не ја криеме својата амбиција дека сакаме да добиеме поддршка од државите членки за отворање на пристапни приговори со Северна Македонија и со Албанија. Нареднот извештај на Европската комисија и предлозите за подобрување на методологијата за пристапни преговори ќе биде клучен во тој смисол“, изјави Пленковиќ. 

Фотографија: Imago

Да се одржи веродостојноста на ЕУ

Тој оцени оти земјите од Западен Балкан и натаму се наоѓаат во некој вид „чекална“, а дека поради веродостојнатоста на политиката за проширување е важно да се задржат политичките и мерните критериуми и да се оценува одделно напредокот на секоја држава. Пленковиќ потсети дека годинешниот Самит во Загреб се одржува 20 години по првиот таков состанок кој, исто така, беше во Загреб и кога беше отворена европската перспектива за регионот. „Оттогаш Хрватска единствена пристапи во ЕУ и сега преседава со Советот на ЕУ. Нашиот пример дава дополнителна симболична вредност на самитот во Загреб“, смета Пленковиќ.

Повеќе на темата:

-Макрон сигнализира оптимизам за проширувањето на ЕУ

-На повидок почеток на ЕУ-преговори за Северна Македонија и Албанија

-Што ќе направи Хрватска како претседавач со ЕУ?

Хрватскиот премиер нагласи оти ЕУ ќе го поддржи евроинтеграцискиот пат на западнобалканските партнери со нивно учество во европски проекти и со интеграција во инфраструктурните мрежи, како и по пат на редовен политички дијалог на највисоко ниво, но и со спроведување на европските начела и вредности.

Фон дер Лајен: Да му дадеме ЕУ-перспектива на Западниот Балкан

„Хрватска знае подобро од кој било каква сила дава европската перспектива“, истакна пак претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Таа додаде дека наредните 6 месеци ќе бидат клучни за односите меѓу ЕУ и Западен Балкан и најавува оти Европската комисија за неколку недели ќе излезе со нова методологија за проширување. Урсула фон дер Лајен за време на претставувањето на приоритетите на хрватското преседавање во Европскиот парламент во Стразбур ја повика ЕУ да одржи моментум кога станува збор за Западен Балкан.

Фотографија: Reuters/T. Melville

„Ако сакаме самитот ЕУ-Западен Балкан во Загреб да биде успешен мораме сега да ја завршиме нашата домашна задача. Затоа ќе ја претставиме нашата методологија за проширување за неколку недели за да можеме да разговраме за неопходна модернизација, а првенствено да им дадеме перспектива на нашите пријатели од Западен Балкан за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија“, порача таа. Претседателката на Европската комисија оцени дека токму Хрватска, која го презеде шестмесечното преседавање со Советот на ЕУ, знае подобро што значи силата на европската перспектива, колку далеку таа перспектива може да ја одведе земјата во поглед на трасформации на системот и на економијата, но и што е тоа добро што ЕУ може да го стори со својот ангажман и со инвестирање во регионот на Западен Балкан.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми