1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дачиќ: Од Србија се бара да го признае Косово

13 декември 2011

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ оцени дека Србија ни во март идната година нема да добие кандидатски статус во ЕУ доколку не ја признае независноста на Косово.

Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица ДачиќФотографија: DW

„Повеќе да не се лажеме и да не си кажуваме приказни. Тоа се бара“, изјави српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, мислејќи притоа на признавањето на независноста на Косово како услов за добивање на кандидатурата за членство во ЕУ.

Тој ја обвини меѓународната заедница дека ги изневерила очекувањата на српските граѓани, бидејќи од нив во 2000-та година било барано само да го сменат од власт Слободан Милошевиќ.

„Тогаш никој не го спомнуваше прашањето за независноста на Косово, а 11 години подоцна ние не можеме да добиеме ниту кандидатура. Кого сега треба да го смениме или да го испратиме во Хаг?“ рече Дачиќ, додавајќи дека не е фер Србија да на је добие кандидатурата и покрај сe’ што направи.

Автор: БГ/ СН/ бета/ мф

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми