1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дачиќ: Преговори со Приштина и без ЕУ

СН/миа13 април 2013

Српскиот премиер Ивица Дачиќ изјави дека Белград ќе ги продолжи преговорите со Приштина, доколку е потребно и без посредници, бидејќи нема друг начин за решавање на косовскиот проблем.

Фотографија: AP

Претседателот на српската влада Ивица Дачиќ во интервју за весникот „Данас“ истакна дека Србија е подготвена да продолжи со директни разговори со Приштина и доколку не би имало посредници, пред се’ поради тоа што проблемот на Косово е проблем на Белград и проблем на Приштина и двете страни мора да најдат начин да го решат тој проблем.

Одговарајќи на прашањето дали е реално Србија да добие датум за почеток за преговорите со ЕУ во јуни, Дачиќ изјави дека најреално е да се престане најголемиот проблем на Србија да се врзува само за приближувањето во ЕУ.

„Ние Косово го решаваме за да можеме нормално да живееме, а не за да добиеме датум. Тој датум секако дека е наша цел, но од истата причина - да можеме нормално да живееме. Но постојано, во целиот тој процес, мора да не‘ води свеста дека Косово го решаваме поради Косово и Србија и оти мора да го решиме без разлика кога, точно на кој ден ќе добиеме датум“, нагласи српскиот премиер.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми