1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дачиќ, Тачи и Ештон предложени за Нобеловата награда за мир

СН/ам/макфакс/тј24 декември 2013

Конгресмени на САД ги предложиле премиерите на Србија и на Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи, како и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон за кандидати за Нобеловата награда за мир за 2014.

Фотографија: European External Action Service

Претставниците на српскиот и албанскиот Кокус во Конгресот на САД упатиле писмо до Нобеловиот комитет во кој ги номинираат српскиот премиер Ивица Дачиќ, косовскиот премиер Хашим Тачи и високата претставничка на ЕУ Кетрин Ештон за Нобеловата награда за мир за 2014 година, поради нивната клучна улога во нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина, пренесува Танјуг.

„Априлскиот договор, постигнат со посредувањето на Кетрин Ештон претставува клучен и историски пресврт за Србија и за Косово – како и за турбулентниот регион на Балканот во целина“, се вели во писмото кое го упатиле копретседавачите на српскиот Кокус, Тед По и Емануел Клевер, заедно со лидерите на албанскиот Кокус во Конгресот, Елиот Енгел и Робер Адерхолт.

Во објаснувањето се наведува дека двајцата премиери јасно расчистиле со минатото и покажале значителна посветеност, храброст и визија кон пронаоѓањето на пат кон светлата иднина. Тие заслужуваат огромно признание поради тоа што на себе преземале ризик за пронајдат решение, велат конгресмените. Кетрин Ештон исто така демонстрирала извонредно лидерство, посветеност и истрајност во посредувањето за изнаоѓањето на консензус меѓу двете страни, наведуваат конгресмените.

„Иако претстои тешка работа на имплементацијата на договорот, Бриселскиот договор претставува показател на вистинско историско достигнување“, оцениле тие и додале дека договорот исто така праќа голема порака за надеж и инспирација до сите во регионот, и ширум светот.

Договорот исто така докажува дека етничките разлики можат да се надминат и дека посветените поединци можат да се договорат, доколку покажат добра волја и компромис да ги решат оние проблеми кои делуваат како нерешливи.

Според зборовите на конгресмените, Бриселскиот договор со кој „некогаш огорчените противници ги оставиле своите разлики на страна поради мирот и подобрата иднина на своите земји, ја одразува визијата на Алфред Нобел“.

„Поради тоа го повикуваме Нобеловиот комитет, со Нобеловата награда за мир 2014 година, да ја награди извонредната храброст, визија и напорите на високата претставничка Кетрин Ештон, и премиерите Ивица Дачиќ и Хашим Тачи“, се вели во писмото кое четирите конгресмени го пратиле до Нобеловиот комитет.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми