1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Да не се падне во стапицата на ИД

Лоај Мадхун / превод: сн29 март 2016

Перфидните терористички напади во Брисел се доказ за тоа дека „Исламска држава“ засилено полага на стратегијата расцепување на западните општества, смета Лоај Мадхун.

Фотографија: DW/B. Riegert

Во военa смислa т.н. „Исламска држава“ веќе со месеци е во повлекување. Од почетокот на воздушните напади на западно-арапската алијанса, која се формираше пред 1,5 година, псевдо-калифатот загуби речиси 40 проценти од територијата која во Сирија и во Ирак ја држеше под контрола. Покрај тоа- за време на операцијата на анти-ИД коалицијата- убиени се и многу високорангирани лидери на ИД. Драстично се намали и бројот на борци од странство, откако Турција построго ја контролира границата со Сирија.

Но ИД под голем притисок не ја држат само зачестестените воздушни напади. За тоа многу придонесоа и успесите на курдската милиција и новоформираните ирачки безбедносни сили, со што ѝ се застана на патот на експанзијата на калифатот. Во секој случај, изгледа дека џихадистичкиот државен проект е во криза, бидејќи без воена експанзија, која ја следи економски грабеж, ИД тешко ќе биде во состојба да преживее.

Ширење на борбената зона

Повеќе работи укажуваат оти „Исламска држава“ во 2016. година може да биде отстранета од важни територии. Подготовките за меѓународно, координирано освојување на Мосул, наголемо се во тек. Но колку повеќе самонаречениот калифат се тера во ќорсокак, неговите средства стануваат сѐ побрутални, како и новите стратегии.

Со цел да се одржи сонот за глобален калифат и одвраќање од сопствените слабости, на ИД ѝ се итно портебни нови „успеси“. Затоа се бараат нови области на делување и се настојува да се вгнезди во исламските држави на кои им се заканува распад, пред сѐ во северна Африка.

Лоај МадхунФотографија: DW

Пред ваквата заднина може да се разбере стратегијата на ИД за заострување на конфликтот: Со целни акции во муслиманските земји се настојува да се сее раздор меѓу сунитите и шиитите, како и да се поттикне ситуација слична на граѓанската војна во пост-Садамовиот Ирак. Страшните серии напади во Тунис, Саудиска Арабија, Кувајт и во Турција го носат потписот на терористичката мрежа ИД.

Спротиставување на популизмот

И во Европа се случува многу повеќе од промотивна кампања на екстремистите на ИД, со цел да се демонстрира сила и да се придобијат нови симпатизери. Нападите во Париз, како и во Брисел, се доказ дека псевдо-калифатот сѐ повеќе се залага за перфидна стратегија на екстремно поларизирање и поделба меѓу муслиманите и немуслиманите во европските општества.

Со убивање на недолжни луѓе, западните влади, како и општествата настојуваат да се принудат на претерани реакции, кои мирниот соживот меѓу муслиманите и немуслиманите практично го прават невозможен. Во тоа спаѓа: сите муслимани во Европа да се ставаат под сомнеж, односно да се ограничат нивните граѓански права.

Тој рефлекс можеше да се види неколку часа по терористичките напади во Брисел. Опасната реторика како „Ние сме во војна“ јасно им оди од рака на екстремистите од ИД. Акциите на суверените држави со тоа се настојува да се поистоветат со сатанскиот терор на терористичките милиции.

Потврди за лично жртвување идеолозите од ИД бараат во екстремното заострување на ситуацијата: Запад навистина да започне војна против исламот, а не против една терористичка банда. Муслиманите во Европа да бидат систематски прогонувани поради нивните терористички напади, и да не им остане ништо друго освен да се приклучат на нихилистите од ИД.

Дали таквата перфидна пресметка на терористите од ИД ќе помине, на крајот ќе зависи од реакциите на европските демократии.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми