1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Да не станеш сторител“

О. Салет/ З Јордановски5 април 2014

Педофолијата се смета за неизлечива. Сепак преку соодветна терапија можат да се држат под контрола сексуалните фантазии на луѓето кои имаат таква склоност. Еден таков проект бележи успеси во Германија.

Präventionsprojekt Kein Täter werden
Фотографија: picture-alliance/dpa

Прошетка со човек со сексуална наклоност, која други што ја споделуваат ги прави злосторници. Макс Вебер е псевдоним на овој 29 годишник, кој во реалниот живот е склон кон педофилија - уште од пубертетот тој чувствувал привлечност кон деца. Како 20-годишник веќе бил свесен дека со него нешто не е в ред: „Констатирав дека сексуално не сум насочен само кон жени, туку и кон млади девојчиња, на возраст меѓу шест и единаесет години. Тоа е како внатрешна треска, како внатрешен немир. Не знаев што се случува во мене. Кој сум, што сум? Што сакам, сакам ли да злоупотребувам деца?“

„Неподнослива внатрешна раскинатост“

За Макс Вебер секој ден е нов предизвик. Тој никогаш не смее да ја задоволи својата сексуална потреба. Раскинат е во себе и тоа во еден момент веќе станува неподносливо. „Првиот пункт е дека почнува да ти се множат мисли како ги соблекуваш девојчињата и тоа почнува да ти станува опсесија. Сфатив дека во тоа има опасна компонента и почнав во себе да си ставам кочница, едно НЕ, тоа не смее. Сакав да се оттргнам, се прашував зошто тоа не престанува?“

Фотографија: picture-alliance/ZB

Макс Вебер најде помош овде: универзитетската клиника „Шарите“ во Берлин, во еден проект за превенција, им нуди можност за терапија на луѓе со педофилски склоности. Институтот преку интернет и со телевизиски спот ги бара потенцијалните сторители меѓу оние кои досега сепак не го прекршиле законот.

„Многу рано забележав дека сум поинаков. Јасно беше што мислат за такви како мене: болен, перверзен, скапаница. И самиот мислев така. Но, никогаш не ги реализирав практично моите фантазии. Со терапијата научив дека никој не е виновен поради своите сексуални склоности, но секој е одговорен за своето постапување. Јас не сакам да бидам сторител!“ , гласи пораката на ТВ спотот наречен „Да не станеш сторител“

Фотографија: picture-alliance/dpa

Склоноста останува засекогаш

За да не станат сторители, учесниците учат сексуалноста да ја изживеат само во фантазијата. Користење детска порнографија им е табу. На помош им се и сексуалпсихолози како Кристоф Алерс, организатор на проектот „Да не станеш сторител“. Макс Вебер беше една година под негов третман во рамките на групна терапија. Со успех - иако педофолијата се смета за неизлечива.

„Од оние, кои учествуваат на ваква терапија, произлегува многу помал ризик, отколку од оние, кои не се свесни за проблемот и не се подложуваат на терапија. Потребна храброст и самодоверба за да ѝ се обратиш на една ваква институција“, истакнува Кристоф Алерс, клинички сексуалпсихолог од Берлин.

Благодарение на терапијата, вели Макс Вебер, досега ги држи под контрола своите фантазии. Но, неговата педофилска склоност сепак останува засекогаш.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми