Да се одбегне домино-ефектот од решението за Косово
1 февруари 2007ДВ: Пратениците на Демократската унија за интеграција , партијата чиј претседател е Али Ахмети, незадоволни од соработката со Владата го напуштија македонскиот Парламент. Може ли тешкотиите да се решаваат со напуштање на парламентот?
Карл Теодор Фрехер цу Гутенберг: За мене и моите сфаќања на демократијата важно е во Парламентот повторно да ги има оние групи кои фактички беа избрани и со тоа си обезбедија влез во Парламентот. Покрај сите тешкотии што можат да се јават подоцна тоа е дел од еден демократски процес, што може да се рефлектира во парламентот. - смета Карл Теодор Фрехер цу Гутенберг.
И во Македонија со големо внимание се следат чекорите на Ахтисари и неговиот предлог за статусот на Косово. Со оглед на реакциите од Србија, можно ли е решението да предизвика домино ефект и немири во регионот?
Треба да се’ направи се во регионот да се одбегне домино-ефектот или прелевање на криза. Дотолку повеќе е важно прашањето за Косово прифатливо да биде објаснето. Ахтисари треба да вложи напори, но не само тој, туку и ние како претседавачи со Европската унија и нејзините членки, на инволвираните страни да им објасниме дека може да стане збор за решение што ќе треба да има за резултат стабилност, а не решение што ќе буди амбиции. И оттаму стабилноста треба да ја поставиме во преден план. Понатаму, сметам дека во преден план треба да стои и тоа во регионот да не оставиме впечаток дека наметнуваме решенија, туку за нив таму да најдеме прифаќање. - изјави Карл Теодор Фрехер цу Гутенберг.