Проблеми, грижа за иднината, осаменост - или само досада. Поради короната, потрошувачката на алкохол е значително зголемена
Реклама
Информациите се целосно контрадикторни: пиварите не знаат каде да одат со пивото, бидејќи пивниците се затворени. Винарите исто така лелекаат затоа што се затворени рестораните каде што можете да испиете чаша со добар ручек. Не делува ниту дека луѓето имаат причина да побараат утеха во алкохол: повеќе од половина од анкетираните германски граѓани во едно ново истражување велат дека само „малку“ или „воопшто не им пречат“ мерките за забрана.
Но, постојат и други истражувања. Според глобалното истражување за лекови спроведено минатото лето од скоро 60.000 луѓе во 11 земји (Германија, Франција, Велика Британија, Ирска, Австрија, Холандија, Швајцарија, Австралија, Нов Зеланд, Бразил и САД), дури 43 проценти признаваат дека сега почесто пијат алкохол, а 36 проценти од нив мислат дека сега пијат значително повеќе отколку пред короната. И тоа беше на почетокот на пандемијата.
Тоа можат да го потврдат и германските психијатри и психотерапевти: се повеќе луѓе бараат не само алкохол, туку и секакви средства за смирување, од цигари па до барање то од лекарите да им препишат „нешто за нивните нерви“. И кога станува збор за алкохол, во „нормални“ времиња, можеби сте пиеле по една или две чашки за време на вечерата - сега лесно оди и цело шише.
А може и нешто појако...
Според студијата „Ментално здравје во криза“ на здружението за здравствено осигурување кај компаниите, шест од десет терапевти утврдиле дека има повеќе проблеми со алкохолизам кај пациенти. Една третина од 154 лекари и психотерапевти утврдиле дека е значително поголем бројот на оние на кои ниту алкохолот не им е доволен, па посегнуваат по канабис, кокаин или халуциногени дроги.
Постои голема грижа и за егзистенцијата и за здравјето, и затоа многумина „се дезинфицираат одвнатре“. А тука е и досадата: кога не знаете што да правите со себе, посегнувате по шише. И тоа доста рано: во времето кога луѓето одеа на работа имаше социјална контрола, но кога се работи од дома, никој не чувствува дали некој мириса на алкохол. И, ова не важи само за оние кои биле склони кон пиење и пред короната.
Испитаниците во рамки на Глобалното истражување за лекови, како причина зошто сега пијат повеќе наведуваат „затоа што имаат повеќе време“ (42%) или „од досада“ (41%) . Сепак, некои признаваат дека причината се „грижите коишто ги мачат“. Проблемот е што во ерата на короната, вообичаените начини на справување со стресот исчезнуваат: излегување надвор, средба со пријатели или спортување. И штом еднаш ќе се најде „утеха“ во алкохолот, таа брзо може да стане опасна и да заврши со зависност, предупредуваат експертите.
Знаеме, се знаеме...
Лекарите и медицинските експерти неуморно повторуваат дека алкохолот е опасен. Според Светската здравствена организација (СЗО), таа зависност е одговорна за три милиони смртни случаи секоја година, еден милион само во Европа. Германскиот центар за здравствено образование (BzgA) советува да не се пие алкохол воопшто два дена во неделата и дека дури само една чаша вино всушност предизвикува штета на организмот.
Мозок, срце, црн дроб ... Сето тоа страда од алкохолот. Ретко кој од оние што пијат не го знаат тоа, и тоа одамна. Но, во долгите денови на забраната поради пандемијата, тешко е да се најде смисла во одлуката „од сега да се живее само здраво“.
Пандемија: Животот свртен на глава
Пред нешто повеќе од една година мистериозен нов коронавирус започна да се шири низ светот. Денес, бројот на заразени во пандемијата е над 100 милиони, а секојдневието на луѓето ширум планетата е драматично променето.
Фотографија: Flaming Lips/Warner Music/REUTERS
Колективно физичко дистанцирање
Сингапур има многу ниски стапки на инфекции со коронавирусот од октомври досега. Набљудувачите ја фалат оваа град-држава во југоисточна Азија за одржување на вирусот под контрола со внимателно следење на нејзините граѓани, делумно со апликацијата за задолжително следење. Падот на инфекциите значи дека локалното население може да посетува кино на отворено - под услов да се одржува физичка дистанца.
Фотографија: Edgar Su/REUTERS
Во Јужна Африка се шири страв
Јужна Африка е најтешко погодената африканска земја од пандемијата на коронавирусот. Овој пациент во болница во близина на Кејп Таун е еден од 1,4 милиони граѓани кои се заразени со Ковид-19. Новата варијанта на коронавирусот, позната како B.1.351 или 501Y.V2, само го зголеми стравот. Исто како и новата варијанта на британскиот вирус, се смета дека оваа јужноафриканска мутација е многу позаразна.
Фотографија: Rodger Bosch/AFP/Getty Images
„Социјално дистанцирање на сонце“
Со зголемените летни температури, многу Австралијци се во можност да уживаат во освежително пливање во океанот. Поставени се знаци за да ги потсетат посетителите на плажите да држат дистанца додека уживаат во сонцето, во обид да се спречи нов пораст на инфекции. Австралија забележа значително намалување на бројот нови случаи од септември наваму.
Фотографија: Bai Xuefei/Xinhua/imago images
Болка поради оние кои починаа
Келвија Андреа Гонкалвес (16) плаче на гробот на нејзината мајка во бразилскиот град Манаус - Андреа дос Реис Брасао почина на само 39-годишна возраст. Таа е една од безбројните жртви од Ковид-19 во градот кој остана без неопходниот кислород. Многу луѓе го обвинуваат екстремно десничарскиот претседател Жаир Болсонаро за мрачната состојба во земјата. Во Бразил од вирусот починаа над 221.000 лица.
Фотографија: Bruno Kelly/REUTERS
Што е сигурно е сигурно?
Во Хонг Конг, властите оградија цели населби без предупредување како одговор на ненадејниот пораст на инфекциите. Градот, посебен административен регион на Кина, наметна слични драконски мерки за спречување на епидемијата на вирусот како оние кои беа во сила во Кина. До неодамна, стапките на инфекции тука беа многу ниски.
Фотографија: Tyrone Siu/REUTERS
Танцување во сопствен меур
Американскиот рок-бенд The Flaming Lips смисли начин како да организира концерти со физичка дистанца: на неодамнешниот концерт во Оклахома Сити, бендот ја замоли публиката да влезе во пластични меури кои се надувуваат. На овој начин, тие можеа да се танцуваат додека безбедно се изолирани во сопствени меури. Публиката дури можеше да го држи на раце и фронтменот Вејн Којн кој се стркала од сцената.
Фотографија: Flaming Lips/Warner Music/REUTERS
Цркви претворени во центри за вакцинација
Многу цркви во моментов се затворени поради пандемијата, па местата за богослужба се претвораат во центри за итна вакцинација- како тука во катедралата Лихфилд, во близината на Бирмингем, Англија. За разлика од земјите во ЕУ кои во моментов се соочуваат со недостиг на вакцини против Ковид-19, Велика Британија редовно се снабдува со дози.
Фотографија: Carl Recine/REUTERS
Светло на крајот од тунелот
Ејми Езат подготвува торта во форма на вакцина која треба да се дистрибуира меѓу пациентите со Ковид-19 кои се лекуваат во болницата во Каиро. Египет се бори да ја активира својата кампања за имунизација низ целата земја. Сепак, на многумина можноста да се вакцинираат против коронавирусот им дава огромно чувство на надеж.