1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

Перверзната логика на тероризмот

Феликс Штајнер
25 април 2019

Бројот на жртвите од терористичките напади во Шри Ланка расте. Покрај разбирливиот гнев и тага, повиците за одмазда се токму она што го сакаат сторителите, смета Феликс Штајнер.

Police officers work at the scene at St. Sebastian Catholic Church in Negombo
Фотографија: Reuters/A. Perawongmetha

Очигледно е дека нападите во Шри Ланка беа насочени против христијаните. Што да се мисли друго кога атентаторите извршија напад на најголемиот христијански празник при што кренаа во воздух три најпосетени цркви, како и луксузни хотели кои пред се ги посетуваат туристи од западниот христијански свет?

Многу прашања се уште се без одговор. Дали навистина се работи за напад зад кој стои ИД, како што тврди оваа група три дена по нападите. До сега ИД речиси веднаш ја преземаше одговорноста за вакви атентати, дури и кога подоцна ќе се утврди дека немале врска со нив. Или пак масовните убиства од Велигден се намерна одмазда за нападот во Крајстчрч, како што во меѓувреме посочува владата во Шри Ланка.

„Одмазднички“ напади?

Експертите за тероризам имаат основана причина да се сомневаат дека се работи за одмазднички напад. Бидејќи за организација на ваква координирана серија атентати потребно е многу повеќе време за подготовка отколку пет и пол недели колку што поминаа од масакрот во Нов Зеланд. Но, ова за повеќе од 350 жртви е ирелевантно. Исто како и за над 50те жртви кои на 15 март беа застрелани од еден радикален лудак за време на петочната молитва во две џамии во Крајстчрч. Огромното мнозинство од нив само сакале да си ја практикуваат религијата непречено, да ја живеат својата вера, што е основно човеково право.

Феликс Штајнер, автор на коментарот

Токму поради ова бруталната смрт на овие луѓе изгледа уште повеќе бесмислена и неразбирлива, бидејќи во Шри Ланка никогаш немало религиозни конфликти во кои биле инволвирани христијани, ниту пак во Нов Зелан имало проблеми со муслиманското малцинство.

Повеќе:

-„Шри Ланка беше лесна цел“

-Нападите во Шри Ланка - дело на „Исламска држава“

-Терор и конфликти во Шри Ланка

И тука и таму се работи за фанатици кои со бомби и куршуми сакаат да предизвикаат судир на религии, за чии жртви се сметаат. Но, вистинските жрви – загинатите и повредените од Шри Ланка, Нов Зеланд и други бројни места, немаат никаква врска со оваа борба. Ниту ја сакаат. Тие ниту барале борба ниту војна, туку како и секој нормален човек, само лична среќа.

Тага, молитви и полициска истрага

Логиката на терористите (ако воопшто постои?) не може да се сфати со рационално размислување. Поради тоа со овие луѓе не треба да се води никаков дијалог ( а и за што би се разговарало?).Но, исто така не смее да им се прифати нивната перверзна игра на "пријател наспроти непријател". Единствено тагата е соодветна во ова лудило. Кој знае може и да се моли за жртвите и сторителите. Но, во моментов нема поента веднаш да се канонизираат жртвите од Велигденските напади како што тоа го бараат некои цркви. За среќа Папата реши да не ги слуша ваквите барања, иако дел од нив доаѓаат од неговите најверни следбеници.

Одмазда и славење на жртвите – тоа е она на кое се надеваат сторителите на овие напади кои сакаат да го употребат тероризмот за религиозни цели, и се надеваат дека со тоа ќе ги оправдаат своите дела. Не, никој не треба да им ја направи таа услуга. Потребна е подобра полициска истрага и разузнавачки информации и соработка. Бидејќи, покрај нападите, исто толку е вознемирувачки фактот како властите не успеале да ги спречат масовните убиства иако имале претходни информации за можни напади.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми