Двајца Израелци меѓу жртвите во Брисел
25 мај 2014Во нападот што се случи вчера (24.05) во центарот на Брисел застрелани беа две жени и еден маж. Четврто лице, според наводи на белгиската министерка за внатрешни работи Жоел Милке, е „многу тешко“ повредено.
Напаѓачите влегле во музејот во текот на попладнето и „прилично брзо отвориле оган“ беа да бираат цели, соопшти Милке. Се претпоставува дека нападот има антисемитистички мотиви. Европски политичари и израелската влада ја изразија својата шокираност од атентатот. Според израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, вакво дело е „резултат на перманентното подбуцнување против Евреите и нивната држава“.
Белгискиот премиер Елио Ди Рупо на еврејската заедница во земјата и‘ вети поддршка. „Сите Белгијци се обединети“, изјави тој.
Инаку, неколку часа по нападот обвинителството објави дека има едно уапсено лице, но подоцна стигна информација дека уапсениот бил всушност испитуван како сведок. Истрагата сега се концентрира на човек кој по пукањето се оддалечил пеш од местото на настанот.