1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Двајца полицајци убиени при сообраќајна контрола

ЕМФ
31 јануари 2022

При сообраќајна контрола во округот Кузел, во германската покраина Рајнланд Пфалц, се убиени двајца полицајци. Потрагата по убијците е во тек.

Deutschland Polizei - Absperrband Symbolbild
Фотографија: Marius Bulling/Ostalb Network/picture-alliance

Полицајците се убиени во текот на изминатата ноќ (30/31.01), соопшти полицијата во Кајзерслаутерн. Според она што е соопштено, полицајците вршеле рутинска сообраќајна контрола. Убиството се случило околу 04:20 часот во Улмет. Полицајците, според изјава на портпарол на полицијата, самите успеале да повикаат помош, но кога засилувањето пристигнало, тие веќе им имале подлегнато на повредите.

По убијците на 24-годишната полицајка и 29-годиниот полицаец се трага засилено. Засега нема опис на извршителите или на возилото со кое тие избегале. Не е познато ниту во кој правец се упатиле. Полицијата ги предупредува граѓаните да не земаат никого во своето возило, затоа што најмалку еден од извршителите е вооружен.

Полицискиот синдикат изрази длабоко сочувство поради загубата на своите колеги. „Во мислите сме со семејствата и пријателите на колегите кои се убиени во текот на извршување на службата“, изјави заменикот претседател на полицискиот синдикат, Јерг Радек. Според него, по „ужасниот настан“ сега највисок приоритет има апсење на извршителите, за да се спречи натамошна опасност по населението.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми