1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Двајца соработници на ОН обвинети за земање мито

9 август 2005

Висок соработник на ОН призна дека примал мито. Според обвинувањата, Александар Јаковљев, кој работел на програмата “Нафта за храна“ примил мито во висина од 950 илјади долари. Освен Јаковљев, независната истражна комисија на ОН, го товари и шефот на програмата “ Нафта за храна“, Бенон Севан, дека зел мито во износ од 150 илјади долари.

Седиштето на ОН
Седиштето на ОНФотографија: AP

Александар Јаковљев ја призна вината. Бенон Севан, кој во ОН бил вработен 40 години и во моментов се наоѓа на Кипар, ги отфрла сите обвиненија. Раководителот на истражната комисија на ОН, задолжена за расветлување на скандалот, Вокер, изјави:

“Во февруари, кога комисијата го направи првиот интерен извештај, беше јасно дека некој од ОН примал мито во текот на 1996 година. На средината од мај е утврдено дека официјалното лице е господин Јаковљев. “

Генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, вчера им го укина дипломатскиот имунитет на двајцата обвинети. Членовите на истражната комисија на ОН, т.н. Вокерова комисија изјавија дека улогата на Анан во целиот случај и натаму ќе се истражува, со оглед на тоа што е утврдено дека неговиот син Коџо има врски со една фирма која имала полза од еден договор со Ирак.

Програмата “Нафта за храна“ беше најголема хуманитарна програма во историјата на ОН. Вкупната вредност на програмата која беше замислена како помош за ирачкиот народ, во тоа време зложен на меѓународни санкции, изнесуваше 67 милијарди долари. Програмата почна да се спроведува во декември 1996 година, а завршена е во 2003 година со окупацијата на Ирак и уривањето на Садам Хусеин од власт.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми