1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Два милиона буџетски евра стопени преку „Топлик“ и „Тендери“

20 октомври 2016

Преку злоупотреба на службената должност и кршење на Законот за јавни набавки, буџетот бил оштетен за два милиони евра, соопшти СЈО, презентирајќи ги двете новоотворени истраги

Mazedonien Skopje Sonderstaatsanwaltschaft Pressekonferenz
Фотографија: MIA

„Топлик“ и „Тендери“ се имињата на двете новотворени истраги, кои денеска ги презентираше Специјалното јавно обвинителство. Во предметот „Топлик“ се осомничени шест лица, кои преку злоупотреба на службената должност и кршење Законот за јавни набавки сториле кривични дела со кои го оштетиле буџетот во висина од 1 милион и 44.000 евра.

Во периодот од 3.04.2007 до 18.02. 2013 година, првосомничениот како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, иако од Комисија за јавни наддавања бил информиран дека не се исполнети условите за спроведување на јавно наддавање за продажба на државно земјиште, тој составил нова Комисија и преку неа ја реализирал намерата. Второсомничениот како претседател на Комисијата, третоосомничениот како негов заменик и уште тројца членови, еден ден по нивното учество во новоформираната Комисија, постапиле спротивно на законот, и иако не биле усполнети условите, изготвиле и доставиле објава во „Дневник“ и „Фајненшл тајмс“ за јавно надавање  за земјиште за резеденцијален објект „Сончев град“

По јавното наддавање, бил даден предлог да се склучи договор со најповолниот понудувач и тој договор бил склучен со „Сан сити Скопје“ на 8.06. 2007. На 20.7. 2011 година договорот бил раскинат, бидејќи новиот сосптвеник компанијата „Сан сити“ не можела да го спроведе договорот поради недостатоците кои ги навела првата комисија во Министерството за транспорт.

Поради раскинување на договорот, од сметката на Министерството за транспорт била исплатена и затезна камата на сметката на Сан сити, во висина еден милион и 44.000 евра, со што директно е оштетен буџетот на РМ.

Фотографија: DW/P. Stojanovski

Договор во четири очи

Во втората истрага под кодно име „Тендери“ првоосомничено е раководно лице од Министерството за култура и тројца членови на Комисијата за јавни набавки, под основано сомнение дека за компанијата „Бетон - Штип“ прибавиле корист преку негово фаворизирање за завршни градежни активности во Музејот на македонската борба. СЈО има основани сомневања дека уште пред да биде објавен огласот за јавна набавка, спротивно на принципите на конкуренција и транспарентност, првоосомичениот донел одлука кој да ја добие работата. Тоа му го соопштил во телефонски разговор на сведокот - директор на Бетон - Штип, велејќи му да продолжи со работите и да не чека на огласот, и објаснувајќи дека е средено со Комисијата тој да го добие тендерот, бидејќи се договорени услови кои само неговата фирма може да ги исполни.

На 20. 6. 2011 кога бил објавен огласот, тој само формално доставил понуда за јавната набавка. Иако сите знаеле дека тој веќе ги изведува работите, од Комисијата составиле записник дека тој е најдобар понудувач и на 5. 11. 2011  договорот бил склучен во висина од 1 милион евра. Од Министерството за култура на сметка на Бетон - Штип до 2012 биле исплатени 54 милиони денари. СЈО соопшти дека се побарани мерки за обезбедување присуство на осомничените во текот на постапката.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми