Двете Кореи разговараат за заедничкиот индустриски комплекс
6 јули 2013Претставници на властите во Сеул и во Пјонјанг се сретнаа на севернокорејската страна на пограничното место Панмунџон, соопшти јужнокорејското министерство за национално обединување. Двете страни, инаку, во четвртокот (04.07) се согласија да водат работни разговори за повторно отворање на заеднички управуваниот индустриски парк Кесонг.
Јужнокорејското Министерство за национално обединување претходно соопшти дека работните разговори за продолжување на активностите во заедничка индустрска зона Кесон ќе ги опфатат индустриската опрема и материјалите, останати во зоната по нејзиното затворање.
Севернокорејските власти пред околу три месеци „привремено“ ја затворија оваа специјална економска зона во пограничниот град. Причина беа растечките тензии меѓу двете земји. Кесонг не само што е симбол за меѓукорејското приближување, туку важи и за важен „носач“ на девизни средства за сиромашната, но добро вооружена Северна Кореја. До затворањето, во комплексот, за 123 претпријатија од Јужна Кореја работеа 50 илјади слабо платени Севернокорејци.