1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Двете лица на Србија„

12 март 2007

Германскиот печат денеска се осврнува на четвртата годишнина од убиството на Зоран Џинџиќ, како и на неуспехот на преговорите за Косово во Виена. Следуваат цитати за овие теми:

Нивната моќ се уште не е доволна: Тадиќ и Ружица Џинџиќ
Нивната моќ се уште не е доволна: Тадиќ и Ружица ЏинџиќФотографија: AP

„Две годишнини, две лица на Србија„ е насловот на текстот за различните Србии на Зоран Џинџиќ и на Слободан Милошевиќ, што го објавува денеска весникот „Франкфутртер алгемајне цајтунг„. Во него читаме:

„Србија во два дена одбележува две годишнини: смртта на Слободан Милошевиќ на 11 март, а денеска 12 март, убиството на неговиот најголем противник Зоран Џинџиќ што во 2003 го извршија следбениците на Милошевиќ. Милошевиќ е погребан во Пожаревац во градината на неговата куќа опкружена со визоки ѕидови. Откако ќе ѕвоните, ќе ве пречека лаење на куче, а вратата потоа ја отвора градинар кој не ви кажува кој е, кој со недоверба ве прашува што сакате и без кого не можете да го посетите гробот на Милошевиќ. Градинарот не дозволува да се влезе во вилата, не влегува во разговори, а на прашањето кој се’ го посетил гробот, вели:’Многумина’!

Весникот натаму пишува:

„Србија сега има демократско уредување, но над неа се уште заканувачки се надвиснати остатоци на минатото. На осомничениот наредбодавец на атентатот врз Џинџиќ, бившиот шеф на специјалните единици на српските сили за безбедност, му се суди и тој е во затвор. Меѓутоа, надвор и натаму се оние што се плашат од него. Сопругата на Џинџиќ, Ружица, води фондација со името на нејзиниот сопруг што им доделува стипендии на студенти од Србија. ’Убијците не сакаа да го убијат мојот сопруг, туку политиката што ја водеше. Тие сакаат да го спречат демократскиот развој на Србија’, ги цитира весникот зборовите на Ружица Џинџиќ.

Весникот „Ди велт„ се осврнува на неуспехот на преговорите во Виена под наслов „Србија претера во покерашката игра„ и констатира:

„Ниту можеше да се очекува да се договорат непомирливо скараните страни. Се случи она што мораше: Советот за безбедност ќе мора да го реши она во што не успеаја Србите и косовските Албанци по убиствените судири. Тврдоглавоста и непоспустливоста, посебно на Србите, веќе не оставија простор за преговори. Меѓутоа, прашање е дали Советот за безбедност е способен да дејствува. Русија има право на вето и сигурно нема да се колеба да го искористи ако биде направен обид на Србите да им се одземе Косово. Се’ упатува на тоа дека Косово еднострано ќе прогласи независност. Србија е вон игра. Таа претера во политичкиот покер и загуби„, смета коментаторот на „Ди велт„.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми