1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Две години затвор за поранешниот разузнавач Богоевски

СН/бг/макфакс16 декември 2013

На поранешниот директор на македонската Управа за безбедност и контраразузнавање Слободан Богоевски му беше изречена двегодишна затворска казна за случајот „Агент“.

Фотографија: Petr Stojanovski

Основен суд Скопје еден денеска ја соопшти пресудата за случајот Агент во кој шест лица, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Слободан Богоевски, двајца адвокати од Скопје, двајца управители на фирми и еден Словенец, беа обвинети за малверзации со градежното земјиште кај Спортскиот центар Борис Трајковски.

Н поранешниот разузнувач Богоевски му беше изречена двегодишна затворска казна. По две години добија и адвокатот Владимир Пешликовски и претставникот на „Меркатор“, Митја Валиќ, додека другиот адвокат Васко Томановиќ доби три години затвор.

Последните двајца обвинети, Даниела Трајковска и Ален Јегени добија условни казни. На обвинетите им е укинат притворот до првосилноста на пресудата, Богоевски и двајцата адвокати минаа осум месеци во притвор.

Според МВР, сите се обвинети за перење на повеќе од милион евра, словенечки пари кои биле земени наводно за да се раскине договорот со кипарска фирма која го купила земјиштето во близина на спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје. Договорот бил веќе раскинат, а на земјиштето Словенците биле заинтересирани да го изградат комплексот „Меркатор".

Поранешниот прв контратразузнавач Богоевски во случајот се јавува како приватно лице, консултант за наводно посредништво за раскинување на договорот со кипарската фирма.

Во меѓувреме, додека беше во притвор Богоевски беше прогласен за соработник на тајните служби, односно дека давал наредби за следење лица кои биле насочени „кон уривање на уставниот поредок на Македонија".

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми