1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Две години од крвавиот упад во Собранието

ЖА / агенции
27 април 2019

На 27 април пред две години се случи „крвавиот четврток“, кога лица со фантомки и маса луѓе насилно упаднаа во македонскиот парламент.

Mazedonien Erstürmung des Parlaments
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Grdanoski

Пред две години, на 27 април 2017 година, учесници во протестите организирани од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, кои бараа отфрлување на т.н. „Тиранска платформа“ и одржување нови парламентарни избори, насилно упаднаа во македонскиот законодавен дом.

Упадот се случи во 19 часот, кога маскирани лица беа пропуштени од собраниското обезбедување и упаднаа во салата за новинари. Настанот резултираше со агресија и дивеење на протестирачите, кои физички нападнаа повеќе пратеници и новинари. Со тешки телесни повреди се здобија Зоран Заев, Зијадин Села, како и Радмила Шекеринска.

Во упадот во Собранието во 2017 година беше повреден сегашниот премиер Зоран ЗаевФотографија: Reuters/O. Teofilovski

По големиот судски процес за насилниот упад, на затворска казна од вкупно 211 години неодамна беа осудени 16 обвинети, меѓу кои и екс-директорот на БЈБ, Митко Чавков. Тие се неправосилно осудени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Процесот се водеше против вкупно 33 лица, а по донесувањето на Законот за амнестија беа амнестирани 15 од нив.

Трагите на „крвавиот четврток“

01:34

This browser does not support the video element.

Претходно, за обид за убиство и учество во толпа беа осудени уште деветмина, а затворски казни добија и лицата кои се обидоа да го убијат Зијадин Села.

И по две години од настанот, Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција сѐ уште нема подесено обвинение за организаторите на настанот. Меѓу нив се осомничени бегалецот- поранешниот македонски премиер Никола Груевски кој се наоѓа во Унгарија, поранешниот претседател на Собранието- Трајко Вељаноски, екс-министерите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и бегалецот во Грција-  Никола Бошкоски.

Од Обвинителството соопштија дека истрагата е отворена и до крајот на мај се очекува да подигнат обвинение.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми