1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Две години условно за Ширак

15 декември 2011

Судот во Париз денеска (15.12) го осуди поранешиот француски претседател Жак Ширак на две години условна затворска казна, поради проневерување на државни пари.

Жак ШиракФотографија: picture alliance/dpa

79-годишниот Жак Ширак е осуден поради аферата со фиктивни вработувања во градската администрација на Париз, додека бил градоначалник на францускиот главен град во 90-те години. Пресудата е донесена во отсуство на поранешниот француски претседател. Ширак кој беше претседател на Франција од 1995 до 2007 година е прв поранешен француски државник кој е осуден о нацистичкиот соработник маршалот Филип Петен во 1945 година.

Тој е осуден за трошењето пари на даночните обврзници преку фиктивно вработување на 21 лица, кои примале плата а всушност работеле за неговата партија во периодот додека бил градоначалник на француската престолнина Париз, од 1977 до 1995 година. Во тој период тој ја создаваше новата партија на десниот центар со деголистичка ориентација со којашто победи на изборите.

Поранешниот француски претедател ШиракФотографија: dapd

Ширак поврзуван и со други корупциски афери

Ширак беше отсутен во текот на целиот процес кој се одвиваше од 5-ти до 23-ти септември, поради „сериозни и неизлечиви“ невролошки проблеми. За делата за кои беше товарен, поранешниот француски претседател можеше да биде осуден на десетгодишна затворска казна и со парична глоба од 150 илјади евра.

Ширак го уживаше имунитетот до 2007 година, кога му истече претседателскиот мандат. Тој во март годинава се согласи да плати половина милион евра надомест за причинетата штета, а неговата партија вети оти ќе плати уште 1,7 милиони евра. Ширак беше поврзуван и со повеќе други корупциски скандали, а досега ја избегнуваше одговорноста поради имунитетот. Покрај него, за истото дело им се суди на уште деветмина обвинети.

Автор:АТ/СН/ртр/афп/мф

Редактор: Жана Ацеска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми