1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Две нови жртви од коронавирусот во Северна Македонија

БГ
29 март 2020

На Клиниката за инфектологија синоќа починале двајца пациенти заболени од вирусот Ковид-19, информира министерот за здравство Венко Филипче. Разрешена директорката на Клиниката во Охрид.

Nord-Mazedonien: Venko Filipce, Gesundheitsminister
Фотографија: Regierung Nordmazedonien

Еден 91 годишен пациент кој осум дена се лечел на Клиниката за инфективни болести во Скопје, и 31 годишен пациент кому нагло му се влошила состојбата, се двете нови жртви на коронавирусот во земјата. Како што објасни министерот Филипче, 31-годишникот ја добил најтешката форма на манифестација на болеста која довела до „распад на белите дробови“.
По случајот со пациентката од Струга која почина во саботата, Филипче и дал отказ на директорката на Клиниката во Охрид. Таму и натаму се испитува зошто 66-годишната стружанка не била примена на Инфективната клиника. Истото го истражува и обвинителството во Охрид.
Во изминатите 24 часа регистрирани се 16 нови случаи на заразени со коронавирус, со што вкупниот број достигна 257 луѓе. Од нив, 49 се хоспитализирани, а седуммина се со тешка клиничка слика. Шест лица досега починаа од коронавирусот.
Филипче вели дека е задоволен што зголемувањето на случаите на заразени со коронавирусот и натаму е линеарно, а не експоненцијално и вели дека здравствениот систем тоа може да го амортизира.
„Имаме зарамнување на кривата. Јас тоа засега не би го коментирал, но би кажал дека сме внимателни оптимисти“, вели Филипче.
Во моментов државниот Институт прави по 200-300 тестови дневно, а со вклучувањето на приватните лаборатории, тој број ќе се зголемува во следните денови.
Филипче вели дека е рано да се оценува дали новата терапија со хлорокин и сумамед дава резултати кај оние пациенти кај кои е применета досега. 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми