Родилките се на 32 и 33-годишна возраст, од Скопје и од Делчево. Според лекарите, тие немале други заболувања.
Реклама
Двe родилки починаа поради компликации од Ковид-19 во С. Македонија. Едно од новороденчињата се бори за живот, додека другото бебе е во добра состојба и е испратено дома. Во изминативе 24 часа коронавирусот одзеде 32 животи во земјата, додека бројката на новозаразени достигна до рекордни 1.511 лица.
Според лекарите, двете родилки немале други заболувања. Едната од нив, 33-годишна жена од Делчево починала во ГОБ „8 Септември“, каде што била префрлена по породувањето на Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство во Скопје (ГАК). Нејзиното бебе е во добра состојба е пратено дома. Другата е 32-годишна родилка од Скопје, која денеска починала на КАРИЛ, а нејзиното бебе се бори за живот на одделението за интензивна нега.
Македонија и ковид-19: Седете дома и лапајте витамини
Обврска за носење маски, забрането групирање, ретки или никакви социјални контакти... Пандемијата на коронавирусот од корен го промени начинот на живот на луѓето и нивните навики. Пандемијата во Македонија низ фотографии
Фотографија: Aleksandra Najdovska/DW
Ставете маска
И покрај тоа што македонските здравствени власти постојано предупредуваат дека носењето маска е важно за превенција од пандемијата на коронавирус, дел од луѓето сѐ уште се противат на носење маски. За неносење маски казната за граѓаните е 20 евра, за правните лица – 2000 евра. Затоа влезовите на продавниците од почетокот на пандемијата се „украсени“ и со вакви предупредувања.
Фотографија: Aleksandra Najdovska/DW
Рестрикции и на отворено
Во С. Македонија маски мора да се носат и на отворено, а забрането е и групирање на јавен простор на повеќе од 4 лица по 21 часот. Не се групирајте, е апел кој постојано се повторува од страна на надлежните. Резултатите се половични – покрај дисцплинираните, сѐ уште има луѓе кои се групираат и не преземаат превентивни мерки. Оваа празна клупа трпеливо чека на крај на пандемијата и рестрикциите.
Фотографија: Aleksandra Najdovska/DW
Здравствена криза, економска криза
Угостителските објекти работат со ограничено работно време – само до 21 часот. Исклучок се оние со сервис за испорака. Празните ресторани и кафулиња ја отсликуваат новата реалност што ја создаде пандемијата на Ковид-19. Многу фирми, посебно малите, се плашат од пропаѓање. Ќе им бидат ли доволни средствата за помош од државата?
Фотографија: Aleksandra Najdovska/DW
Каде се другарите?
Околу 90% од учениците следат онлајн-настава, а без проблеми се одвива и наставата со физичко присуство, тврди министерката за образование Мила Царовска. Пандемијата ја забрза дигитализацијата на образованието. Но, привремено го запре нормалниот детски живот. Како актуелното намалување на социјалните контакти влијае врз детскиот развој ќе биде веројатно предмет на многу истражувања во иднина.
Фотографија: Aleksandra Najdovska/DW
Помала осаменост со домашно милениче
Домашните миленици, во време на затворање дома, можат да бидат добар чувар од психолошкиот стрес што со себе го носи пандемијата. Според студија на универзитетите Јорк и Линколн, 90% од испитаниците сметаат дека домашното милениче им помогнало во емоционалното справување со „локдаунот“, а дури 96% се уверени дека со помош на домашното милениче останале во добра физичка кондиција.
Фотографија: Aleksandra Najdovska/DW
Сѐ за здравје
Од почетокот на пандемијата на Ковид-19, во пораст е побарувачката по витамини и сѐ што може да придонесе за зајакнување на имунитетот. Конзумирањето суплементи стана секојдневна рутина на многумина. Притоа, голем дел од она што го препорачуваат лекарите, не го покрива Здравствениот фонд, туку е приватен трошок. Лекувањето чини пари, превенцијата исто така. Но, сѐ за здравје!
Фотографија: Aleksandra Najdovska/DW
6 фотографии1 | 6
Втора бременост
Надлежните информираа дека двете жени биле породени со царски рез. Ова им била втора бременост. 33-годишна жена од Делчево се породила во термин со царски рез. Родила машко бебе во добра општа состојба. Од Клиниката за гинекологија и акушерство информираат дека родилката ја примиле на 10 март во лоша состојба, со висока температура, ниска сатурација и со кашлица. На 11 март била породена, но поради влошување на нејзината клиничка состојба, бил препратена на натамошно лекување во ГОБ „8 Септември“. Ден пред хоспитализацијата, на 9 март родилката добила негативен ПЦР тест, а на Клиниката за гинекологија на 10 март и бил направен антигенски рапид тест кој покажал позитивен резултат.
Втората почината родилка е 32-годишна скопјанка, исто таа бремена со второ дете. И таа била породена со царски рез, во 30. недела од бременоста. Родилката на Клиниката за гинекологија била донесена од Инфективната клиника во Скопје на 20 март во тешка состојба и само неколку часа по породувањето, поради исклучително лошата состојба, е препратена на интензивно лекување на КАРИЛ. „Нејзиното предвремено родено бебе е женско, кое сѐ уште се наоѓа на Одделот за интензивна нега на ГАК и е на респиратор“, информираат од Клиниката.
Вухан: Една година по избувнувањето на пандемијата
На крајот на 2019 се појавија првите извештаи а на почетокот на 2020 кинескиот град Вухан стана озлогласен како прво жариште на коронавирусот во светот. Како е сега таму, една година потоа?
Фотографија: Aly Song/REUTERS
Рамо до рамо на преполните пазари
Вухан беше во карантин околу 11 недели откако стана првото глобално жариште на коронавирусот. До средината на мај 50.000 од 80.000 од официјалните случаи на заразата во Кина беа во Вухан. Но, сега животот речиси е вратен во „нормала“ на преполните улични пазари во градот.
Фотографија: Aly Song/REUTERS
Танцување на улиците
За време на карантинот, на жителите не им беше дозволено ниту да ги напуштат своите домови. Сега, тие дури можат да танцуваат заедно во парковите. Според новинската агенција Ројтерс, таму веќе со месеци нема локално пренесување на вирусот.
Фотографија: Aly Song/REUTERS
Нулта точка на коронавирусот?
Зеленчук, риба и месо - дури и диви животни - сето тоа се продаваше на овој покриен пазар. Но, тој ги затвори портите на 1 јануари 2020 година, откако започна да се шири мистериозното заболување на белите дробови и неговото потекло беше пронајдено на пазарот. Научниците сè уште не ја утврдија точната улога на пазарот во ширењето на вирусот, ако воопшто имаше улога.
Фотографија: Getty Images/AFP/N. Celis
Егзистенцијата на рестораните е изложена на ризик
Пред пандемијата, Лаи Јун поголемиот дел од производите за неговиот јапонски ресторан ги купувал во покриениот пазар. „Ги испраќав децата на училиште, појадував, а потоа одев на пазар“, вели 38-годишникот. Од повторното отворање во јуни, тој морал да оди на друго место - а некои од состојките сега чинат петпати повеќе. „Наша цел за наредната година е едноставно да преживееме“, вели тој за ДВ.
Фотографија: Aly Song/REUTERS
Нема повеќе свежа стока
Иако пазарот на приземјето сè уште е затворен, вториот кат е повторно отворен. Но, поголемиот дел од продавниците продаваат очила и други специјализирани производи за оптичари. „Некои луѓе можеби имаат чудно чувство, но сега е само празна зграда“, вели за ДВ една од продавачките, која не сакаше да го каже своето име.
Фотографија: Aly Song/REUTERS
Продавачите се префлија на улиците
Од затворањето на пазарот, некои луѓе почнаа да продаваат месо и друга свежа стока на улиците. Дури и ако продавачите носат маски и ракавици, некои велат дека условите не се во согласност со одредени хигиенски стандарди. Во екот на пандемијата на коронавирусот покриениот пазар беше критикуван поради лошите здравствени и санитарни прописи.
Фотографија: Aly Song/REUTERS
Кловн без маска- заштитна
Повеќето жители на Вухан носат маски на јавни места, особено затоа што коронавирусот не е исчезнати имала одреден број нови случаи на други места во Кина. „Многу луѓе почнаа да складираат маски, средства за дезинфекција и друга заштитна опрема“, изјави за ДВ, 29-годишниот учител по англиски јазик Јен.
Фотографија: Aly Song/REUTERS
7 фотографии1 | 7
Состојбата во болниците е сериозна
Ковид-19 и мутациите на вирусот земаат се поголем замав во земјата. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 130.022, бројката на оздравени пациенти е 106.979, починаа 3.781 лица, а бројот на активни случаи изнесува 19.262.
„Состојбата во болниците е сериозна“, беше соопштено по средбата на министерот за здравство Венко Филипче и директорите на клиниките каде што се лекуваат ковид-пациенти. „Здравствениот систем секојдневно се менаџира, се обезбедуваат нови болнички легла, медицинскиот кадар е целосно мобилизирани, но состојбата во болниците е многу сериозна. Затоа од огромна важност е граѓаните да ги почитуваат мерките за да ни помогнат здравствениот систем да остане одржлив, во битка со ковид-пандемијата“, соопшти Филипче.
Според извештаите од болниците, во цела земја се хоспитализирани 1 581 пациент, од кои 654 во ковид-центрите во Скопје, а другите 927 во внатрешноста. Засега се слободни околу 260 болнички кревети.