1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

Двоен напад во Кабул

ЕМФ /агенции
30 април 2018

Две бомби експлодираа речиси едно по друго во авганистанскиот главен град Кабул, притоа убивајќи цивили и повеќемина новинари. Кој е одговорен за нападот сѐ уште не е јасно.

Afghanistan Kabul Doppelanschlag
Фотографија: Reuters/O. Sobhani

Во два напада во Кабул загинаа најмалку 21 лице. Авганистанското Министерство за здравство соопшти дека има и повредени. Меѓу загинатите, според досегашните информации, има и четворица новинари. Еден од нив е фоторепортерот на агенцијата АФП, Шах Мараи. Тој по првиот самоубиствен напад побрзал кон местото на нападот, каде имало и втор атентатор самоубиец, кој во тие моменти се кренал во воздух среде група новинари. Нападите се случија во близина на седиштето на тајната служба НДС.

Фотографија: Reuters/O. Sobhani

Според портпарол на полицијата, првата експлозија ја предизвикал атентатор самоубиец на мотоцикл во раните утрински часови. Жртвите се цивили, јавуваат медиумите, повикувајќи се на безбедносните сили. Во близина на местото на нападот се наоѓаат и американската амбасада и седиштето на НАТО во Авганистан.

Фотографија: Reuters/O. Sobhani

Во моментот кога експлодирал вториот експлозив, спасувачите веќе биле почнати да им помагаат на повредените од првиот напад. Засега не е јасно дали двата напада се дело на радикално исламистичките талибанци. Насилството во Авганистан во последно време е значително зголемено.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми