1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Двојно зголемена побарувачка за информатичари

СН /дпа,афп,ртр
21 мај 2018

На Германија ѝ недостасуваат речиси 490.000 квалификувани стручњаци во областа на природните науки, за т.н. МИНТ- професии. Толку голем недостаток на работници во овие области досега не е забележан.

TEC--Password Manager Breach
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/D. Dovarganes

Недостатокот на работна сила квалификувана во областа на природните науки, математиката, информатиката и технологијата (МИНТ), е најдраматичен досега- гласи заклучокот на Пролетниот извештај за 2018 година во кој Институтот за германска економија во Келн, во соработка со Здружението на германска индустрија, Сојузот на германски работодавачи и Здружението на работодавачи во металската и електроиндустријата, детално го анализира недостатокот на работна сила.

До крајот на април 2018 година во Германија беа отворени 486.000 места за т.н. МИНТ-професии, се наведува во извештајот. Тоа е зголемување од 13,1 отсто во однос на април 2017 година. Особено е голем недостатотокот на работна сила во областа информатика- побарувачката повеќе од двојно се зголеми за време на изминатите 4 години.

Повеќе:

-Бајката за недостиг од стручни кадри

-Германија: Се бара закон за доселување поради хроничниот недостиг на работна сила

-Голем недостиг на работна сила во Германија

Причини за недостаток на стручњаци има многу: од една страна, многу стари работници одат во пензија, а нови, помлади, нема доволно. Од друга страна, побарувачката за тој вид стручњаци многу се зголеми, бидејќи сѐ повеќе фирми се отвораат кон дигитализацијата и кон електро-мобилноста.

Имиграцијата е важна, особено од Индија

„Информатиката е релевантна во сите индустрии“, вели Аксел Плинеке, еден од авторите на извештајот. И покрај сѐ поголемиот број на студенти на МИНТ-факултетите, тие не можат да ја надоместат побарувачката за квалификувани работници во овие области. Меѓутоа, јазот би бил и уште поголем без миграција на квалификувани работници од странство. Особено нагло порасна бројот на Индијци кои студираат на овие факултети во Германија и подоцна евентуално можат да се вработат како инижинери или информатичари.

Фотографија: picture-alliance/dpa/J.Woitas

„Правилата за имиграција за високо образованите МИНТ-стручњаци од трети земји и натаму се релативно добри. Потешко е во секторот за квалификувани работници, бидејќи тука имиграцискиот закон поставува поголеми пречки“, објаснува Плинеке. Тоа е една од причините поради кои недостатокот на кавалификувани работници- како што се мехатроничари, техничари и градежни работници- е многу поизразен отколку кај дипломците од МИНТ-факултетите.

Фактот дека побарувачката за МИНТ-специјалисти е голема сеогледува и во намалувањето на бројот на невработени во тој сектор. Во однос на минатата година бројот, на невработени падна за 12,2 насто и изнесува 174.955 лица. Исто така, е утврдено и оти повеќе академски граѓани работат полно работно време. Според студијата, и платите за овие професии пораснаа. Сепак, јазот меѓу понудата и побарувачката за тој вид работна сила и натаму расте, и покрај иницијативите како што се „Дојди на МИНТ“, чија цел беше да ги инспирира жените и девојките да се одлучат на факултети или на виши школи да студираат природни науки, математика, информатика или технологија.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми