1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ДВ ја отфрла заканата на руската Дума: Не дозволуваме уцени

Мартин Муно
5 септември 2019

Руската Дума се заканува со одземање на акредитацијата на ДВ за Русија, бидејќи ДВ не одговори на покана за присуство на истражна комисија на Парламентот во Москва. Директорот на ДВ, Лимбург, ги отфрла руските обвинувања

State Duma of the Russian Federation
Фотографија: picture-alliance/Russian Look/A. Ivanov

Интендантот на ДВ, Петер Лимбург, ги отфрла обвинувањата дека ДВ се меша во внатрешните работи на Русија. На медиумската куќа со програма за странство, Дојче веле, ѝ се префрла дека во еден твит повикувала на учество во забранети демонстрации. Во твитот ДВ јавува за недозволени демонстрации во Москва и цитира повеќе демонстранти. Во дописот од ДВ до Думата се вели: „Нашиот начин на известување ги почитува правилата на балансирано новинарство. Тоа исклучува мешање во внатрешните работи на некоја земја."
Директорот Лимбург, повикувајќи се на претседателот на истражната комисија Васили Пискарјов вели: „Секогаш сме подготвени за разговор и го поканивме господинот Пискарјов, но треба да се дефинираат рамковните услови за дијалог. Нивната 'распитна покана' секако не е вистинскиот пат за размена на ставови. Заканата со одземање на акредитацијата го покажува карактерот на таквата покана. Ние сме независен јавен сервис и не дозволуваме да бидеме уценувани. Инаку постојано појаснуваме дека не се мешаме во внатрешните работи на Русија и дека ниту во иднина нема да го правиме тоа. Исто така не сме повикале преку твит на демонстрации, туку само го цитиравме организаторот на протестите. Тоа е толку очигледно што не можеме да разбереме чуму целата возбуда. Обвинувањето дека сме прекршиле руски закони е тотално апсурдно."

Инволвирани се и министрите за надворешни работи Мас и Лавров

Комисија на Безбедносниот совет на руската Дума актуелно истражува во колкава мера најновите опозициски протести во Москва би можеле да се поддржани од странство.

Директорот на Дојче веле, Петер ЛимбургФотографија: DW/M. Magunia

Министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас, уште на средбата со неговиот руски колега Сергеј Лавров во август годинава категорично ја отфрли таквата можност. Претседателот на истражната комисија Пискарјов повторно побара ДВ да се појави пред парламентарната комисија. Според информации на новинската агенција Интерфакс, тој се заканил дека доколку не се појават на повторната покана, на одредени соработници или на ДВ во целост може да им биде одземена акредитацијата за работа во Русија. Во Москва со недели демонстрираат бројни лица против исклучувањето на повеќе опозициски кандидати од изборите за градскиот совет кои ќе се одржат в недела. Илјадници беа во привремен притвор, меѓу нив и соработник на ДВ. Медиумот потоа во свој став на Русија ѝ префрли дека користи „методи на полициска држава". Пред истражната парламентарна комисија е повикан и американскиот амбасадор во Москва, Џон Хантсман. Амбасадата на својата интернет страница објави безбедносни упатства, а со тоа и карта од маршрутата на опозициските демонстранти. Тоа руските политичари го толкуваа како повик за приклучување кон демонстрациите.


 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми